Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Партиски пуч во Конгресот на САД

Партиски пуч во Конгресот на САД

Конгресмените на САД , членови на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, го сменија од функцијата Кевин Макарти, кој претседаваше со ова тело  во кое опозициските републиканци имаат минимално мнозинство.

Сменетиот Макарти и самиот е републиканец, па излегува дека во Долниот дом на Конгресот, републиканците извршија партиски пуч, во ситуација која наликува на  балканските политички состојби.

Според Си-Ен-Ен станува збор за историски настан , затоа што ова е прв пат во американската политичка историја да биде сменет спикерот на домот, уште на иницијатива на неговата партија. Сето тоа го става Макарти  во  понижувачка ситуација, бидејќи никогаш до сега немало ваков случај.

Прв пат во историјата

Поради тоа, случувањата во Конгресот на САД предизвикаа големо внимание во светската јавност, затоа што хаосот во кој се најдоа републиканците, може уште повеќе да ги потикне нивните меѓусебни поделби, на една година пред претседателските избори.

Иницијативата за сменување ја има покренато крајно-десничарскиот конгресмен од Флорида Мет Гец, инаку републиканец, кој не веруваше дека ќе успее да го тргне Макарти, затоа што не веруваше дека ќе успее да добие доволно гласови за подршка.

За него се тврдеше дека е осамени дека дури и самиот Доналд Трамп, чиј е силен подржувач, има речено дека е погрешно републиканците да војуваат меѓу себе, наместо да ги насочат силите против- како што рекол екс претседателот- левичарските демократи.

Ниту Макарти не веруваше дека ќе биде сменет во една ваква постапка. На  еден  ден пред гласањето самоуверено има изјавено дека -„ многумина се обидувале да го тргнат, но дека никогаш не успеале во тоа“. Сепак, тој повеќе не е републикански лидер во Конгресот, а конгресмените сега ќе мораат да најадт негова замена, што во сегашната атмосфера, ќе оди мошне тешко.

Удар на конзервативите десничари

Макарти беше соборен и со гласови на демократите кои не се обидоа да го спасуваат од неговите сопартијци. Тој на функцијата беше само десет месеци, од јануари оваа година, кога аналитичарите тврдеа дека неговиот избор ќе создаде хаос во Конгресот.

Беше избран после 15 кругови гласање , откако Макарти има направено крупни отстапки за крајната десница во Републиканската партија, која настојува да ја блокира администрацијата на претседателот Џо Бајден, посебно во финансискиот сектор.

Се смета дека тој има платено висока цена за да биде на челото на Претставничкиот дом, на тој начин што го има ослабнато својот авторитет и така што им даде можност на тврдите десничари и конзервативци во републиканските редови да имаат поголемо влијане во Долниот дом на Конгресот, наспроти умерените и традиционално определените.

Уште во јануари стана јасно дека „купувајќи“ си ја функцијата, Макарти на десничарите им овозможи да го користат своето  ( иако мошне мало) мнозинството, за поголемо влијание врз донесувањето одлуки во Претставничкиот дом.

На функција само десет месеци

Најмногу околу финансирањето на администрацијата на САД. што изминатите недели се покажа како точно предвидување и околу прашањето  за менување на работата на Долниот дом, на што инсистираат тврдите, десничарски републиканци.

Токму отстапките што ги има направено Макарти, пазарејќи се за својот избор, создадоа ситуација која никако не му овозможуваше да го води Претставничкиот дом.

Еден од најважните барања на крајната десница , беше давањето можност само еден конгресмен (пратеник) да може да покрене процедура за гласање за сменување на претседателот на Долниот дом. Иронично е што токму тоа  му се одмазди, бидејќи  Гец сам и без согласност со другите од неговата партија, покрена барање за смена на Макарти, создавајќи притоа сериозна политичка криза.

Иницијативата тој ја покрива со обвинувањето дека Кевин Макарти лесно попуштил пред демократите и се спогодил со нив околу донесувањњето мерки за финансирање на администрацијата, со што во последен момент беше спречена блокадата (затворањето) на владата. Според овој конгресмен, владата  се обвинува дека на тој начин сакала да обезбеди  пари за натамошно (воено) финансирање на Украина.

„Има само лична одмазда“

Ултрадесничарите во САД и оние кои му се блиски на Трамп, приврзеници на политиката за изолација на Америка, се противат на тоа, на големо задовлство, подршка и одобрување на Москва.

Макарти, меѓутоа, тврди дека не станува збор за политика, ниту за обвинувањето на ултра десничарот од Флорида дека (сега веќе како бивш претседател  на Долниот дом), им служел на демократите на САД. Според него,при сменувањето станува збор  за лична одмазда на Гец.

Функцијата за која сега треба да се развие нова силна битка- меѓу републиканците и демократите , но и меѓу самите републиканските конгресмени,од десницата и од умерените, е трета највисока политичка позиција   во хиерархијата на власта во САД. Не сметајќи го претседателот на САД, претседавачот на Претставничкиот дом на Конгресот е рангиран веднаш по функцијата на американскиот потпретседател.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе