Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Загинал затрпан со илјадници пити пармезан

Загинал затрпан со илјадници пити пармезан

Италијанецот Џакомо Кјапарини (74) загинал откако бил затрпан од илјадници пити сирење пармезан.

Несреќниот човек, инаку сопственик  на складот со сирење, лоциран во северниот италијански регион Ломбардија, настрадал кога под притисок на тежината, се скршила една од големите полици.

Кршењето на таа полица предизвикало „домино-ефект“ по што почнале да паѓаат илјадници пити , затрупувајќи го Кјапарини  кој во тој момент се нашол  во складот, точно под полицата додека ја правел редовната  контрола.

Секоја од питите е тешка по 40 кг.  На пожарникарите им биле потребни дури 12 часови за да дојдат  до неговото  мртво тело .

Пожарникарите подоцна им изјавиле на медиумите дека некоја од големите пити сирење паднале од височина од 10 метри, предизвикувајќи – според изјавите на  локалните жители-  силен звук кој наликувал на удар од гром.

Економската штета од инцидентот се проценува на седум милиони евра.

Во складот имало 25 илјади пити  од  италијанското сирење „Грана Падано“. Станува збор за  мошне познато тврдо сирење  од кое се прави  пармезанот-  популарен во Италија затоа што се става како додаток на бројни видови пасти и пици.

Несреќниот случај се случил во малото ломбардиско место Романо ди Ломбардија , лоцирано педесетина километри од Милано.

Џакомо Кјапарини, според весникот „Кориере дела Сера“,  беше познат производител на ова сирење во реонот на Бергамо. Овој земјоделец за кусо време има изградено производен погон за „Грана Падано“ , станувајќи водечки производител во Ломбардија.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе