Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Договорот од Охрид, сепак, е обврзувачки

Договорот од Охрид, сепак, е обврзувачки

Три денови после успешните 12 часовни разговори и постигнатиот договор за Косово, одржан во Охрид, продолжуваат типичните (западно)балкански политикански игри за  да се минимизира она што е постигнато, или да се набедува другата страна за тоа што не е постигнато повеќе.

Во Приштина, косовскиот премиер Албин Курти веќе неколку денови инсистира дека бил максимално конструктивен во разговорите и попустлив (за создавањето Заедница на српски општини) која косовската страна ја нарекува како самоуправа за Србите во Косово.

Курти уверува дека сакал да се стави и потпис за што тој и српскиот претседател се согласиле и се договориле, пред европските посредници- Јосеп Борел и Мирослав Лајчак-  но дека Александар Вучиќ одбил тоа да го направи.

(Западно)балкански игри

Наводно, затоа што уште од пред охридските разговори, сите страни се согласија дека нема да има потпишување на она за што е постигната согласност. Тоа беше отстапката кон Белград за да се постигне компромис околу анексот за имплементација на Европскиот план за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, што двете страни веќе го имаат прифатено.

Српската страна, меѓутоа, токму  околу потписите, веднаш започна со игрите за тоа дали договореното од Охрид е правно обврзувачко и што е она што официјален Белград признава, а што не.

Помалку од 24 часови по враќањето од Охрид, претседателот Вучиќ се обидуваше да ја убеди домашната јавност, а посебно тврдата националистичка, антиевропска и русофилска струја, која продолжува со тврдењето дека „Косово е Србија“ а  дека српскиот претседател- се претворил во „предавник“, кому требало и да му се суди, дека ништо после Охрид не е готово.

Пресвртен момент

Намерата на Вучиќ беше дека договорот со Приштина не е обврзувачки, затоа што на него- како што има речено- немало потпис и печат. Решиси веднаш, од Брисел и од Вашингтон беше оговорено дека тоа не е така, односно дека огридскиот договор е официјален и валиден и без потписите на двајцата преговарачи.

Според Јосеп Борел договорот меѓу Србија и Косово , постигнат во Охрид, станал правосилен во моментот кога ЕУ се огласи со своето официјално соопштение .

„Договорот не е потпишан од правни причини, но двете страни (претходно) се согласија дека мојата изјава по охридскиот состанок, за двете страни е потврда за нивната посветеност целосно да се посветат на обврските што ги презедоа , а кои произлегуваат од оваа спогодба и од нејзината примена“- вели европскиот шеф на дипломатијата, во изјавата дадена по состанокот на министреите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.

Според Борел, станува збор за пресвртен момент во процесот за нормализација на односите што го создава „новиот статус кво во дијалогот“.

Работата е завршена

Познавајќи ги балканските игри,  европскиот дипломат инсистира дека ЕУ ќе го следи внимателно процесот на имплементација на се што е договорено во охридските разговори. Во тој процес има и работи што мора итно да се направат, како создавањето на Заедница на општини со мнозинско српски население во Косово.

На сличен начин реагираше и САД, со изјавата на специјалниот пратеник на Вашингтон за Западен Балкан.

„Договорот што Косово и Србија го постигнаа во Охрид, во Северна Македонија, е правно обврзувачки. И тоа и за двете страни и во секоја смисла. На разговорите не беше прашање дали ќе има, или не потписи, туку прашањето за преземање  обврска. Наредниот чекор за двете страни е да почнат со примена на договорот и на договореното“- вели Габриел Ескобар во својата изјава.

Преоевропските белградски аналитичари и медиуми, затоа, сметаат дека работата е завршена онака како што велат посредничките страни.

После категоричните ( и тврди) реакции од ЕУ и Америка, за тоа дека треба да се престане со правни толкувања за охридската спогодба,  се смета дека е ставена е точка на нагаѓањата во Белград околу тоа дали она што досега  е договорено- прво во Брисел, па потоа во Охрид- важи и претставува обврска за Србија.

Србија ќе го исполни договореното

Вквите дилеми ги покрена самиот Вучиќ кој во првото обраќање до српската јавност рече дека – во формално правна смисла- теѓко може да се рече у да се докаже дека охриската спогодба постои, кога на неа нема потпис.

Само еден ден по реакциите на Борел и Ескобар, во кои тие го демантираат српскиот претседател, тој се огласи со нова изјава  во која инсистира дека ништо од она што рекол нема да измени, што сепак, се покажа дека не е така. Овој пат, прифати и призна дека за Србија е важаи и усмен договор. Што ќе рече дека за земјата и таков  договор е обврзувачки и треба да се почитува и примени.

„Во секој случај, кога станува збор за исполнување на договореното, Србија ќе го исполни и ќе работи на имплементацијата“- појасни српскиот претседател по прекорот што го доби од Брисел и од Вашингтон.

(Д.Б.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе