Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Мардок се жени на 92 години

Мардок се жени на 92 години

Медиумскиот тајкун Руперт Мардок објави дека ќе се жени, по пети пат, на својата 92 годишна возраст. Неговата најнова избраничка е Ен Лесли Смит (66), вдовица на американскиот кантри пејач и бизнисмен Честер Смит.

Веста ја објавува њујоршкиот таблоид „Њујорк Пост“ , инаку весник во сопственост на идниот младоженец, каде се пренесува и изјавата на Мардок дека тој е мошне среќен поради објавената свршувачка и свадбата што е најавена за ова лето. Изјавил дека оваа ќе биде последна.

Шест децении медиумска империја

Веста за новиот брак на медиумскиот тајкун доаѓа после разводот од неговата четврта сопруга, поранешната манекенка и фото-модел Џери Хол , со која беше во брак шест години. Таа претходно беше долги години сопруга на англискиот рокер Мик Џегер, со кого има четири деца.

Руперт Мардок веќе шест децении поседува и развива вистинска медиумска империја . Нејзиното  седиште прво беше во Австралија, од каде тој потекнува и од каде тргна во правењето голем бизинс.

Потоа, компанијата „Њуз Корпорејшен“  ја пресели во Британија, каде ги поседува весниците „Сан“, „Тајмс“ и „Сандеј Тајмс“ како и ТВ каналот Скај, за да после аферата со прислушувањето на угледни јавни личности, со читање на нивните СМС пораки, мораше да го згасне 135 години стариот неделник „Њуз оф д Ворлд“ и да го пресели целиот бизнис во Америка.

Четири бракови и шест деца

Во САД , под своја контрола, покрај  њујоршкиот таблоид, меѓудругите ги има  и весникот „Вол Стрит Џорнал“, како и филмската и ТВ компанијата Фокс и цела низа други угледни медиуми. Вредноста на неговата компанија, според „Форбс“ , се проценува на преку 20 милијарди долари.

Својата најнова свршеничка Мардок ја има запознаено минатата година,  на своето огромно лозје во Калифорнија, по што двојката „брзо се одлучила другата половина од животот да го поминат заедно“ .

Мародк има шест деца од сите свои досегашни бракови, но тие се од двете први женидби. Прво со австралиската стјуардеса Патриша Букер, од која се има разведено пред крајот на шеесетите години од 20 век. Неговата втора сопруга беше Ана Ман, новинарка во еден од неговите весници  и со неа има поминато 30 години, пред да се разведе во 1999 година. Третиот брак со Венди Денг беше разведен во 2013 година.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе