Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Банката УБС ја презеде „Credit Suisse”

Банката УБС ја презеде „Credit Suisse”

Швајцарската банка УБС се согласи да ја купи конкурентската и досега водеќка банка во Швајцарија – „Credit Suisse” за три милијарди швајцарски франци во акциите што ги поседува- и прифати да превземе до пет милијарди франци од загубата на банката.

Станува збор за спојување на двете банки што ја имаат осмислено швајцарските власти за да се одбгнат натамошните потреси на пазарот, зафатен во глобалното банкарство, иако овој чекор не го сакаат ни УБС, а ни „Креди Свис“. Договорот предвидува и 100 милијарди франци ( 101  милијарда евра) помош од швајцарската Централна банка  и за двете банки, како подршка за одржување на нивната ликвидност.

Интервенција на швајцарската влада

Доколку загубата на „Креди Свис“ продолжи ќе се активира и гаранцијата на сојузната швајцарска влада за уѓте девет милијарди франци, определени за оваа цел. Во тој случај , УБС ќе ги преземе првите пет милијарди, а сојузната влада дополнителните девет, по што  УБС ќе ги преземе сите натамошни загуби- се вели  во соопштението на владата во Берн.

Банката „Креди Свис“ која постои 167 години, е најпозната европска и светска банка , зафатена со превирањата во финасискиот свет, предизвикани со колапсот на американските банки SVP (“Silicon Valley Bank”) и “Signature Bank”, поради што  американската Централна банка мораше да обезбеди 54 милијарди долари за итна интервенција.

Швајцарците сега објаснуваат дека преземањето на тешко погоденатабанка одф страна на УБС е најдено решение за обебедување финансиска стабилност и заштита на швајцарското стопанство , во една ваква вонредна ситуација.

Владата се бореше да се спаси „Креди Свис“ , која е подолго време во криза и во тешкотии , уште пред случувањата во САД, настојувајќи тоа да се случи во  текот на викендот, пред да се отворат берзите и финанскиот пазар, во понеделник.

Спречен крах на водечка банка

И двете швајцарски банки се во групата на 30 глобално важни банки за целиот банкарски систем, што регулаторните комисии мошне внимателно ги следат. Интервенцијата со помош на УБС, затоа, е оценета како преку потребна за да се спречи крах на „Креди Свис“ , бидејќи тоа би можело да го зафати целиот финансиски систем.

Во минатата година, УБС имаша заработка од 7,6 милијарди американски долари, додека „Креди Свис“ има забележано загуба од 7.9 милијарди. Вредноста на акциите на оваа банка е намалена за 74 отсто, во споредба со 2021 година, во исто време кога вредноста на акциите на УБС остана стабилна.

Сегашната трансакција со спојувањето на двете банки,  ја засилува позицијата на УБС како водечка банка во Швајцарија. Претсеателот на „Креди Свис“ Аксел Леман , пак, го означил спојувањето на првата и втората швајцарска банка како „најдоброто од сите можни решенија“.

Пад и стабилизација на берзите

Европските и пред тоа азиските берзи реагираа со пад на акциите по објавувањето на спојувањето на двете , во понеделникот наутро.

Подоцна и позицијата на УБС, како и на берзанскиот пазар почнаа да се опоравуваат, а нивната вредност и да зајакнува. Индексите на тргување со акциите , на крајот од работниот ден во Европа се зголемија , а лондонската ФТСЕ објави дека е повисок за 0,5 отсто.

И покрај ваквите бранувања во изминатите недели, финансиските и берзанските експерти,сепак,  не предвидуваат повторување на банкарската и финансиската криза од 2008 година. Особено што при отворањето на американските берзи, во првиот работен ден од оваа недела,  не се забележани никакви турбуленции и падови,

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе