Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Плажата „Навајо“ на Закинтос – забранета за туристи

Плажата „Навајо“ на Закинтос – забранета за туристи

Познатата и популарна  плажа „Навајо“ на јонскиот остров Закинтос, во Грција, оваа година ќе биде забранета за посети и за престој . Одлука за тоа донесе грчкото министерство за туризам- поради безбедносни причини.

Станува збор за една од најпознатите плажи на Јонско море и во Грција, како и за локација која се среќава на сите рекламни панои за промоција на грчкиот туризам. Но,  целата овогодишна сезона таа ќе остане затворена, откако инспекцијата што била направена има откриено дека е опасна за посети и за капење, поради заканата од одрон на камења од околните високи карпи со кои е оградена.

Закана од одрон на карпи

Според објаснувањето на министерството за туризам, опасноста од појава на лизгање на земјиштерто е последица на големата ерозијавдолж работ на плажата во должина од 200 метри. Плажата, инаку, е „затворена“ од сите страни, освен од морето , па до неа се доаѓа само со чамец или помало бротче.

Во 2018 година, на „Навајо“ се има случено сериозна несреќа во која беа повредени седум лица. Меѓу нив и цело едно семејство-туристи од Чешка, кога дел од големите карпи се имаат струполено врз плажата, откако извесно време пред тоа, на островот беше регистриран земјотрес.

Името на плажата потекнува од зборот навајо, што значи бродолом, а тоа потекнува од едно такво случување од пред повеќе од 40 години и од хаваријата на еден грчки теретен брод кој има на плажата се има и насукано, па од тогаш, стои како некаков нејзин заштитен знак.

„Панајотис“ оставен за спомен

За бродот „Панајотис“ се уште се раскажуваат разни приказни- од тоа, од каде допловил, до тоа што имало на него. Едни тврдат дека пловел од (тогашна) Југославија и од Албанија, додека други зборуваат дека пловел од Турција кон овие две земји.

Се верува дека шверцувал тутун и алкохол, а можеби и луѓе, како и дека околностите под кои настрадал, од своите шверцерски патувања,  (се уште) не се разјаснети.

Познато е само дека зафатен од силно невреме, бурата го турнала бродот кон тесниот залив, во кој се „прикотвил„ заробен во песокливата плажа на тој дел од Закинтос.

На сослушувањето, капетанот на бродот рекол дека пловел од Драч, но не споменал каков товар имало на него. Грчкиот суд му има наредено да го тргне бродот- на своја сметка- како некаква казна, но и после 42 години зарѓаните остатоци од „Панајотис“ се уште се на плажата- како атракција за туристите кои  во голем број ја посетуваат.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе