Аргентина со инфлација од 100 отсто
Аргентинската државна агенција за статистика соопшти дека инфлацијата во земјата се искачила до над 100 отсто, што е за прв пат после времето на хиперинфлацијата во деведесетите години на 20 век, која предизвика банкрот на Аргентина.
Според официјалните податоци, во февруари инфлацијата се искачила до 102,5 отсто, што значи дека цените на најголемиот број од потрошувачката стока се повеќе од двојно повисоки, во споредба со претходната 2022 година.
Бавна реакција на владата
Ова не е прв пат , оваа голема јужноамериканска држава , една од членките на групата Г-20, да се најде во сериозни економско-финансиски проблеми , затоа што со години на ред, било која влада да е на власт во Буенос Ајрес, земјата да има проблеми со одржувањето на цените под контрола и со постојано присутната инфлација.
Владата дури сега се обидува да воведе систем на највисоки цени, кога станува збор за основните прехранбени производи и за оние што луќето секојдневно ги употребуваат. Властите се обвинуваат дека премногу бавно реагираат на кризата во која се наоѓа Аргентина и се сомневаат дека земјата одново оди кон хиперинфлација. Само во еден месец, цените на храната се зголемени за 10 отсто.
За ваквата состојба со скапотијата се обвинува високиот скок на цената на месото, чија малопродажна цена – од јануари, до февруари годинава е повисока за над 20 отсто. Аргентина е голем производител и извозник на месо, но производителите поскапувањето го објаснуваат со временските непогоди и со продолжената суша, која овој пат трае подолго од обично. Тоа има предизвикано недостиг на сточна храна, а таквата ситуација го има максимално поскапено одгледувањето добиток, што се заедно е префрлено врз цените.
Страв од нова хиперинфлација
Проблемот е што владата со инфлацијата и нејзиниот раст се соочува со месеци наназад, а сепак, досега , практично, ништо нема направено, како за запирање на дивеењето на цените, така и за заштитата на стандардот на луѓето.
Наместо тоа, аргентинската Централна банка во февруари се одлучи да печати нова банкнота од две илјади пезоси, која веќе сега е прилично обезвредена, затоа што на пазарот на девизи за неа може да се добијат само 10 американски долари.
Најголем проблем, според медиумите во Буенос Ајрес е тоа што владата не може да се согласи за тоа како да се бори со инфлацијата. Само во еден месец дури тројца министри за финансии поднесоа оставки на функијата, или беа сменети.
При тоа , постои и судир ( околу економијата и политиката ) меѓу претседателот на државата Алберто Фернандес и потпретседателката Кристина де Кирхнер, која претходно, во два мандати беше шеф на државата.
Судир во врвот на власта
Сега е поставена за потпретседател, но таа настојува и натаму „од сенка“ да ја води државата, онака како што тоа го правеше кога ја предвдеше Аргентина. Таа е ливичарка и силен популист, која се обидуваше преку измена на Уставот, вонредно, да добие и трет претседателски мандат.
Кога тоа не успеа, за наследник го определи Фернандес кој во нејзините претседатески години беше шеф на кабинетот на претседателот. Веруваше дека на тој начин ќе ја продолжи својата политика која инаку ја има доведено Аргентина на работ од банкрот.
Актуелниот претседател , меѓутоа, настојува владата да интервенира енергично против инфлацијата, при што ќе ги погоди сите слоеви на општеството. Вклучувајќи ги и оние кои Де Кирхнер настојува да ги заштитува и понатаму.
(Б.А.)