Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Јапонија има 7000 острови повеќе

Јапонија има 7000 острови повеќе

Јапонската државна геодетска управа соопшти дека  Јапонија има многу повеќе острови , отколку што тоа досега се знаеше. Станува збор за дури 7000 острови повеќе, во споредба со бројот на официјално обележените , според последното геодетско регистрирање направено во 1987 година.

Овој пат геодетската управа има извршено  дигитално мапирање државната територија, лое открило дека Јапонија има 14.125 острови , а тоа е над два пати повеќе од сегашната состојба за која знаат и геодетската управа, а и јапонските власти.

Државната територија не е поголема

Врз основа на податоците на крајбрежната стража на Јапонија, која оперирала досега со податоците од пред 35 години, државата има 6852 острови , за кои се знаело дека се дел од државната територија на Јапонија.

Во изјавата за медиумите,  геодетската управа има речено дека ова откритие само го покажува напредокот во технологијата на истражувањето во оваа област и во дигитализирањето на мапите што сега се изработуваат. „Тоа, меѓутоа, не значи дека Јапонија сега има поголема територија од досегашната. Едноставно, само е откриено дека има повеќе острови  од досега евидентираните“- се вели во соопштението на јапонската геодетска управа.

Експерти велат дека не постои никаква меѓународна спогодба, за тоа како се бројат островите.

И во овој случај, Јапонците ги имаат користено критериумите што ги користела и пред претходното „снимање“ на територијата во 1987 година. А, тоа се прави со пребројувањето на секоја копнена површина, со обем од најмалку 100 метри. При тоа, не се внесува ниту едно вештачки обновливо земјиште.

Спорови со соседите

Јапонија ги побарува Курилските острови што од крајот на Втората светска војна се под контрола на СССР/Русија. Спорот со Москва постои од 1945 година, кога тогашната советска армија се истовари на островите. За официјално Токио, Курилските острови се означуваат како Северна територија.

Јапонија има спор и со Кина, околу ненаселениот архипелаг Сенкоку во Источно кинеско море што сега Кинезите го сметаат за дел од нивната територија, но се спори и со Јужна Кореја за два острова. Едниот во поширокиот регион на Токио, а другиот во регионот на Сеул, во Јапонското море што  Јапонците и натаму го нарекуваат Источно море.

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе