Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Доктори продавале пејсмејкери од починати пациенти

Доктори продавале пејсмејкери од починати пациенти

Петмина доктори во Романија се осомничени дека продале и вградиле неколку стотина дефибрилатори и пејсмејкери што претходно биле изведени од тела на починати пациенти. Еден од нив, од градот Јаши, се наоѓа во затвор, а сите се под обвинение за примање поткуп и злоупотреба на службената должност.

За уапсениот се тврди дека ги надгледувал другите четворица од групата обвинети кои му обезбедувале срцеви импланти , претходно извадени од починати срцеви болни. Истрагата за овој доктор се сомнева дека од 2017, па до минатата година,  има изведено дури 240 хирушки интервенции на вградување импланти добиени на овој начин.

Намерно влошена здравствена состојба

Обвинителите тврдат дека лекарот користел и импланти со сомнителен квалитет и од непознато потекло, па на тој начин неговата  неморална активност станала опасна по здравјето и по животот на пациентите кои во него имале голема доверба.

Најкриминално во целиот случај е откритието дека кај најголемиот број од оние на кои им вградил пејсмејкер, тоа воопшто не било потребно. Тие навистина имале срцеви проблеми и се лекувале, но нивната состојба не била таква за да е неопходно да им се вгради срцев стимулатор кој го подобрува и го одржува во нормала ритамот на срцето.

За да ги убеди во потребата ( да купат) и да им се вгради пејсмејкер или дефибрилатор , криминалниот доктор им давал на своите пациенти лажни дијагнози- дека состојбата со нивното срце се влошила – како и погрешни лекови.

Односно, лекови кои наместо да лекуваат, им ја забавувале работата на срцето, по што исплашените пациенти веднаш се согласувале со неговата сугестија- да им биде вграден имплант- за да може да продолжат нормално да живеат.

Бизнисот на „доктор Хорор“

Истрагата која е во тек и која има опфатено низа романски болници, па и една воена во градот Брашов, верува дека најмалку 170 лица имаат добиено „половен“ пејсмејкер – набавен на ваквиот криминален и неморален начин.

Полицијата и обвинителството сега сметаат дека докторската група, парите ги добивале на два начини. Едниот, од пациентоте кои самите нуделе поткуп во пари, за да може брзо, преку ред да дојдат до импантот што ќе им го спаси животот, а другиот (практично) е грабеж од државниот здравствен буџет- со прикажување фиктивни  фактури за (наводно) набавени пејсмејкери.

При тоа и добро заработувале. Еден пејсмејкер во Романија, на пример,  чини неколку илјади евра, додека за набавка и вградување на дефибрилатор на пациентите им се потребни и до 20 илјади евра.

Починати од насилна смрт

Истрагата е насочена и кон тоа да се утврди дали во ова докторско, криминално работење се вмешани и погребалните служби, затоа што е утврдено  дека пејсмејкерите се земени од лица кои починале со насилна смрт. Обично тоа се убиства, или несреќни случаи за кои  мора да се води истрага.

Во тој случај, процедурата налага телото на вака починатиот да се испрати на обдукција, а се смета дека од таму лесно може да се извади имплантот и притоа никој ништо да не се посомнева.

Романските и европските медиуми кои пишуваат  за овој најнов скандал во Романија , со ваквиот- како што го нарекуваат- „доктор Хорор“ , велат дека криминалниот случај само ја открива високата корупција во земјата, инаку членка на ЕУ уште од 2007 година, а осебно во секторот на домашното здравство.

Освен тоа, Романија во ЕУ е позната како членка која далеку најмалку пари  од својот буџет  издвојува за јавниот здравствен систем.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе