Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Бремени Русинки одат да се породат во Аргентина

Бремени Русинки одат да се породат во Аргентина

Повеќе од пет илјади Русинки, сите во поодмината бременост, допатувале во Аргентина, од кои 33  жени биле во авионот што  минатата недела пристигна во Буенос Ајрес – јавуваат аргентинските медиуми.

Се претпоставува дека причината за ваквата масовна преселба на бремени Русинки во далечната Аргентина е намерата таму да се породат, за да може нивните (новородени деца)  да добијат право за добивање аргентинско државјанство, а преку тоа и пасош на оваа јужноамериканска држава.

Добивање аргентинско државјанство

Наглиот скок на бројот руски државјанки, во случајот жени на чекор да станат мајки, се поврзува со војната во Украина во која Русија се има длабоко заглавено. Претходно, вакво нешто слично не е забележано, особено не е забележана ситуација како со последниот  лет од Русија во кој меѓу патниците биле дури 33 бремени  Русинки.

Повеќето од Русинките, сепак, по слетувањето тврделе дека доаѓаат како туристи.

Но миграцискитевласти  се уверени  дека „сосема е јасно оти ниту една од жените не доаѓа за одмор, како турист, за да ужива во убавините на Аргентина“.  Во секој случај, засега се знае дека само шест жени се задржани од властите и ставени во прифатни центри, поради „неправилни документи“.

Она во што се верува  е  дека станува збор за бегство од Русија, за добивање државјанство , односно за да  родените деца можат да ги пријават како Аргентинци.

Бегство од Русија

Русинките  и тие што ги имаат покренато на ваков пат, добро знаат дека како државјани на оваа земја , со пасошот на Аргентина, ќе можат многу полесно и послободно да се движат и да патуваат низ светот.

Аргентина има безвизен режим со 171 земја во светот, додека Русија и пред да ја изврши агресијата врз Украина, за што е санкционирана и се наоѓа во изолација, ваков режим има само со 87 држави во светот.

Освен тоа, да се има дете кое е Аргентинец, значи дека бенифиции добиваат и неговите родители- Руси кои преку детето стекнваат право на забрзан процес за  аргентинско државјанство.

За Русија и за нејзините граѓани кои сега , поради војната, се ставени во изолација,  ваквата „аргентинска врска“ станува начин за заобиколување на меѓународните санкции воведени во Европа, ЕУ и САД и Канада. Особено што од септември 2022 година е суспендиран и договорот меѓу ЕУ и Русија, за безвизен влез на Русите во државите од Унијата.

Услугите од пет до 35 илјади долари

Локалните медиуми во Буенос Ајрес пишуваат дека Русинките , на овој начин, бегаат од војната чиј крај во Москва не се гледа. Напротив се очекува , нова и уште посилна офанзива , но дека тие бегаат и од рускиот здравствен систем.

Откриено е дека на руските социјални мрежи се нудат услуги за породување во Аргентина- како пакет  понуда- со која е опфатен патот, престојот, породувањето  и учењето шпански јазик- по цена која се движи од најмалку пет илјади долари за авионски лет со економска класа, до над 15 илјади, за патување со прва класа.

Локалните аргентински шверцери на луѓе,  кои ја користат оваа ситуација, меѓутоа, бараат и до 35 илјади долари за ваква услуга- вклучувајќи го и стекнувањето  државјанство.

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе