Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

„Фајзер” со корона вакцината до рекорден приход

„Фајзер” со корона вакцината до рекорден приход

Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ објави дека 2о22 година ја има завршено со рекордно висок остварен  приход ,  откако оваа угледна светска компанија постои. Рекордната заработувачка е постигната благодарејќи на вакцините против коронавирусот и на лековите  против ковид.

Според признанието на компанијата „Фајзер“ во минатата година имала приход од 100, 3 милијардо долари, што е (рекордно) зголемување од 23 отсто, во споредба со претходната 2021 година. Но, доколку се  исклучи влијанието на валутните курсеви , приходот е  уште повеќе  зголемен и достигнува до 30 отсто.

Колкав бил голем ефектот од надминувањето и санирањето на последиците од глобалната пандемија врз работењето и заработувачката на „Фајзер“ покажува и официјалниот податок според кој  вакцини и  лекот „Пакскловид“ на пазарите во САД и низ светот се продадени за безмалку 57 милијарди долари, но без тоа приходот на компнијата би бил зголемен само за два отсто.

Токму поради анти ковид вакцините и лековите против короната, чистата заработувачка на оваа компанија во 2022 била зголемена за 43 отсто и изнесувала 31,5 милијарди долари.

Раководниот тим на „Фајзер“ меѓутоа, очекува на крајот од оваа година, финансиските резултати да бидат сосема пооинакви и во секој случај со намалени приходи, меѓу 67 и 71 милијарда долари , одново врзано за корона пандемијата која и покрај откривањето н нов вид корона вирус, сепак, значително е забавена.

Голем е процентот на вакцинирани луѓе со две или три дози низ светот, а освен тоа, многу земји веќе имаат создадено залихи од вакцини и лекови.

Во компанијата велат дека се свесни за пад на рекордно високиот приход, создаден во вонредни околности, па затоа оваа година се смета како преодна за „Фајзер“ . Проценки се дека веќе следната 2024 година. ќе донесе нов раст на приходот.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе