Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Болсонаро бега од Бразил

Болсонаро бега од Бразил

Доскорешниот бразилски претседател, десничарот Жаир Болсонаро има побарано виза за престој во САД, каде инаку се наоѓа од крајот на декември,  престојувајќи на Флорида, како што првично беше соопштено- на одмор.

Одлуката да остане во САД подолго време,  доаѓа во време на  засилени барања на американската демократска јавност, до властите, да му се одземат сите американски визи што ги поседува, поради неговата мрачна улога во насилните протести и во обидот за пуч во Бразил, на почетокот од јануиари.

Повеќе американски конгресмени, поради тоа,  побара од претседателот на САД да го протера Болсонаро.

„Време за разбистрување“

Неговите адвокати тврдат дека барањето за виза за престој во САД е поврзано со желбата на екс претседателот – „да земе малку слободно време, да ја разбистри главата и да ужива во благодетите на туризмот во САД, пред да се одлучи кој  ќе биде неговиот следен чекор“.

Во ваквото објаснување на Болсонаро, меѓутоа, никој во Бразил, а и во јужноамериканската јавност не верува. Многу повеќе се верува дека овој десничар и популист, бега од земјата, стравувајќи дека може да се соочи со низа обвинувања- од покренувањето на насилните протести ,  по избрниот пораз, а потоа и веднаш по инаугурацијата на новиот претседател, до обвинувањата за злоупотреба на функцијата и за прекумерното трошење државни пари за лични потреби.

Жаир Болсонаро побегна од Бразил, во САД, на Флорида , која сега се има претворено во десничарска тврдина и база на екс амерриканскиот претседател Доналд Трамп, негов идеолошки истомисленик и подржувач, на само два дена пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Бразил Лула да Силва. Бегајќи од дома, одби да го прифати изборниот пораз и да го прифати Лула за нов шеф на државата.

Блокада на Бразил

На октомвриските избори социјалистот и левичар Лула , успеа во вториот круг да го порази дотогашниот претседател Болсонаро.

Овој, меѓутоа, веднаш ја оспори победата на политичкиот противник, дисквалификувајќи го како политичар, како човек и како патриот, тврдејќи дека резултатите не се точни, бидејќи (наводно) изборните прописи се непрецизни и овозможуваат злоупотреби.

Станува збор за истите изборни прописи врз кои Болсонаро има победено во 2018 година, но откако Врховниот суд ја потврди победата на Лула, поразениот Болсонаро ги повика своите десничарски приврзеници и гласачи на масовни протести, непризнавајќи го новоизбраниот кандидат за изборен победник.

Демонстрантите почнаа да ги блокираат патиштата низ Бразил , создавајќи хаос во земјата. Неговите симпатизери почнаа да ја повикуваат армијата да интервенира , со преземеање на власта за да се спречи Лула да ја преземе функцијата која ја има освоено, во исто време подигнувајќи кампови од шатори пред влезот на веоените касарни.

Барање воен удар

Бразил беше на работ од (уште еден) воен удар, но кога поразениот Болсонаро виде дека војската не сака да се замеша во политиката, тој побегна за да не присуствува на инаугурацијата на новиот шеф на државата.

Само седум денови подоцна, бразилската крајна десница, со болсонаровите подржувачи , ги нападнаа државните згради во Бразилија- претседателската палата, Конгресот на Бразил и зградата на Врховниот суд, барајќи вен пуч и соборување на Лула, како и повторување на изборите.

Војската овојпат интервенираше во заштита на Уставот и на уставниот поредок и заедно со полицијата, ги растераа насилниците кои навлегоа во зградите на државната админисрација, предизвикувајќи голема материјална штета.

Трошење „народни пари“

Демократската јавност за насилството и упадот во Конгресот, по углед на настаните во Вашингтон, во САД, од 6 јануари 2021 година, на две недели прединаугурацијата на Џо Бајден, го обвини Болсонаро како идеен покренувач на насилството и заговорник за пуч во Бразил.

Истрагата треба да открие дали е тоа така и во секој случај да покаже кој ја има покренато десничарската толпа против новиот претседател кој само една недела беше на власт. Но, во меѓувреме, истрагата за тоа како работел Болсонаро веќе открива дека безмислосно има трошено „народни пари“.

За четрири години од неговиот мандат тој од својата службена кредитна картичка има потрошено пет милиони долари. Само за една вечера, порнешниот претседател потрошил 21 илјада американски долари.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе