Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Бразил: Обид за пуч по моделот на Трамп

Matheus Câmara da Silva

Бразил: Обид за пуч по моделот на Трамп

Илјадници Бразилци се собраа во Сао Паоло, на масовен протест и марш за одбрана на демократијата во Бразил, како реакција на десничарскиот упад на приврзениците на доскорешниот претседател Жаир Болсонаро во зградите на Парламентот, на претседателската палата и на Врховниот суд во Бразилија.

Учесниците на протестот бараа од властите, апсење и судење на Болсонаро, кого го обвинуваат дека го има потикнато бунтот на неговите подржувачи и дивеењето на толпата десничари во главниот град на државата, инсистирајќи од судовите  да нема помилување за ниту еден од нив.

Непризнавање на изборниот пораз

Нападот и упадот во владините институции има предизвикано голема материјална штета, од разурнувањето во објектите, од грабежите и од намерното уништување на вредни уметнички предмерти и слики. Повредени се над 70 лица, претепани се десетина новинари, а полицијата во интервенцијата има уапсено и приведено над 1500 лица. Федералните власти најавуваат дека најмалку илјада од насилниците, меѓу кои се откриени и блиски роднини на Болсонаро, че се соочат со обвиненија.

Новиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, во народот познат само како Лула, нередите и насилството ги оцени како терористички акт, додека домашните и странските медиуми настаните во Бразилија ги квалификуваат како планиран обид за пуч, со интервенција на војската, за тргање од функцијата на новиот шеф на државата.

Тој на должноста стапи на 1 јануари, само една недела пред десничарскиот напад врз институциите на државата и власта и случувањата од неделата, кога толпата  ја повикувала бразилската армија да го смени Лула, тврдејќи дека е „нелегално избран“ за претседател.

Организирано на демонстрации

Засега нема сознанија кој стои зад настаните што ја имаат шокирано бразилската, но и латиноамериканската јавност.

Лула прима и натаму подршка од шефовите на државите од југот на Америка, а со подршка се огласија и американскиот претседател кој го повика бразилскиот претседател да ги посети САД, како и канадскиот премиер. Првите наоди на истрагата, меѓутоа, покажуваат дека станува збор за ораганизиран бунт, на кој се повикувани да учествуваат приврзениците на Болсонаро.

Биле обезбедни 40  автобуси за префрлање на демонстрантите, додека на социалните мрежи се повикувале да дојдат пред државните згради во главниот бразилски град, за што се нуделе бесплатен превоз и храна, како и вода и кафе.

Полицијата сега настојува да открие кој ги има платено трошоците за автобусите и храната, но не чекајќи да ги открие до крај сите работи, властите веќе ги конфискувале сите овие возила.

Вината на Жаир Болсонаро

Десничарите кои го подржуваат бившиот претседтел одбиваат да ја прифатат победата на Лула, обвинувајќи дека изборите се фалсификувани. Тие уште веднаш по октомвриските избори, а особено во вториот изборен круг , почнаа да се влогоруваат во близина на владините згради и на објектите на армијата.

Пред бунтот од неделата, тие имаа поставено шатори пред зградата на Врховниот суд кој ја  потврди изборната победа на Лула и пред Главниот штаб на војскатаво Бразилија- и на двете места барајќи да се поништат изборните резулати.

Вината за ваквата атмосфера е само кај Болсонаро кој и натаму одбива да признае дека е победен.

Уште во својата прва реакција по изборите тој објави дека нема да ја прифати победата на Лула, обвинувајќи ја изборната комисија дека „манипулира со мапшините  кои ги бројат гласачките ливчиња“ .Потоа, поразениот  ги повика своите десничари на протести и на блокирање на патиштата, што предизвика хаос на магистралите низ Бразил, за да на крајот да објави дека нема да му ја предаде власта на победникот.

Измислиците на Доналд Трамп

Непосредно пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател, на почетокот на новата година, Болсонаро  побегна од земјата, наводно, на лекување во Флорида, во „тврдината“ на неговиот политички идол-истомисленик , американскиот десничар Доналд Трамп, за да не присуствува на инаугурацијата на новиот бразилски претседател.

Целосно, притоа,  копирајќи го „моделот на Трамп“ од американските избори во ноември 2020 година. Иако Џо Бајден уверливо го порази во т,н. гласање на народот, а потоа и во електорското броење, без да понуди било каков докза за тоа, Трамп кој во Белата куќа влезе под сомнителни околности, објави дека е „измамен и дека му е украдена победата“. Одби да признае дека е поразен и побегна на Флорида за да не биде присутен на инаугурацијата на Бајден.

Преед тоа , се обиде да изведе претседателски пуч, за прв оат во историјата на САД, откако ги повика своите истомисленици- ултрадесничари и расисти на протести во Вашингтон, за „спасување на демократијата“ , всушност за поништување на изборните резултати, за да тој и натаму остане претседател.

Иста таква разулавена толпа, како во Бразилија од пред една недела, го нападна и го освои Конгресот на САД, на Капитол Хил неколку часови. И таму беше направена материјална штета, но во вашингтонскиот бунт загинаа и пет лица.

Македонските „уставобранители“

Десничарските лидери и оние кои ги подржуваат , после американските и бразилските настани се покажа, дека секаде се исти и дека насекаде дејствуваат на ист начин- не можат да прифатат дека се поразени, а тоа значи дека не ја прифаќаат демократијата.

Како што тоа, речиси истоветно, се случи, во пролета 2017 година и во Скопје.

Одново разулавена толпа, изманипулирана од поразената власт ( во македонскиот случај, помогната од странски тајни служби во соседството и подалеку) го нападнаа Парламентот на Македонја. Насила навлегоа во него и освен што уништуваа се пред себе, овие лажни патриоти на дотогаш владеачките вмровски националисти, се обидоа и да ги ликвидираат лидерите на новосозададената владеачка коалиција.

Вмровските десничари, толпата насилници ,побрза да ги оправда,  нарекувајќи ги „уставобранители“ !? Меѓутоа, за разлика на САД и на Бразил, каде силно реагираа демократските сили, никој во Скопје не стана во одбрана на демократијата во земјата од ултрашката, насилничка  десница. Дури и медиумите ја прифатија лажната квалификација дека тепачите , спремни да убиваат- го бранеле Уставот.

(С.Г.)

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе