Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Британија: Легализирана „Операцијата Руанда“

Британија: Легализирана „Операцијата Руанда“

Вишиот суд на Лондон го одобри- како правно легален-  контроверзниот план на британската влада протераните мигранти кои како илегалци се дојдени и престојуваат во Британија, да се протеруваат дури во Источна Африка, во Руанда.

Станува збор и за лица кои имаат побарано азил, но британскиот суд има проценето дека е „легално владата на Британија организирано да ги префрла илеганите мигранти и азилантите во Руанда“ каде тие  ќе чекаат додека имиграциските власти во Лондон одлучуваат кому да му дозволат азил за престој.

Вишиот суд уште има проценето дека ваквата мерка на владата “ не е во спротивност со меѓународната конвенција за бегалци“.

Кигали „чекална“ за Британија

Една ваква одлука донесе владата на поранешнот премиер Борис Џонсон , откако тогашната министерка за внатрешни работи Прити Пател ( која потекнува од брак на пакистански мигранти), после низа преговори се спогоди со владата во Кигали, Руанда да ги прифаќа протераните мигранти, бегалци и азиланти и тие да останат таму, а не во камповите за бегалци во Британија.

Првиот лет, со првата група протерани во рамките на „Операцијата Руанда“ , како што таа се нарекува во јавноста и кај медиумите, требаше да  тргне уште во јуни оваа година. Тогашнта министерка ја оправдуваше оваа операција со намерата    да се обесхрабрат сите оние кои илегално го минуваат каналот  Ламанш за да ротат и се населат во Британија.

Далеку најголем број од нив оваа година се Албанци од Албанија, како и Авганистанци, Ирачани, Курди, Иранци и Пакистанци, што ќе рече дека , пред се, илегалците и азилантите се од земји кои немаат никаква врска со Источна Африка, за да бидат толку далеку протерани од Британија, дури се  далеку и од  своите матични држави.

Осуда на контроверзниот план

Планот на Џонсон и на министерката Пател, меѓутоа, предизвика бурна реакџија на демократската британска јавност која го осуди договорот со руандската влада во Кигали, како спротивна на конвенцијата за бегалци на ОН, како расистичка и како крајно контроверзна. Остро се спротивставви и британската опозиција, па  поранешниот премиер го запре спроведувањето на планот.

Следната влада на Лиз Трас во кусиот мандат немаше ниту време да се занимава подетално со ова прашање, но затоа владата на Риши Сунак , со новата министерка во Хоум Офисот Суела Брејверман (која исто така има имигрантско потекло),  најавија остра пресметка со напливот на албански нелегални мигранти ( преку Ламанш).

Во меѓувреме , опозицијата во британскиот Парламент, како и ОН остро ја осудија изјавата на Браејверман за тоа дека мигрантите се како нови освојувачи на Британија. Сепак, премиерот Сунак потврди во Долниот дом во Вестминстер дека „сите албански илегални мигранти ќе бидат протерани“. Притоа,  објасни дека Лондон и Тирана за тоа имаат договор- сите да се префрлаат назад во Албанија. Албанските власти, од своја страна,  се обрзани да одржуваат далеку построга контрола на мигрантските движења на своја територија.

Како и да е, засега, никој не е однесен во Кигали- да чека азил за престој во Британија.

Фијаско по Брегзит

Новата, трета конзервативна влада на Британија, во рок од седум недели, се смета дека е присилена вака да се пресметува со миграцијата порадди домашни внатрешни состоби, поврзани со одлуката да се напушти ЕУ, на што британските конзревативци и натаму цврсто опстојуваат.

Особено што токму Брегзит се покажа како причина за фијаското на бритаската имиграциска политика. Намалување на приливот на странци беше и главната цел за заминувањето од ЕУ, но по Брегзит бројот на мигрантите е многу поголем отколку кога Британија беше членка на ЕУ.

Околу „Операцијата Руанда“ реагираше и ОН , инсистирајќи дека Руанда нема минимум услови , како што нема ниту правичен  систем за азиланти . Затоа нема ниту елементарни услови оваа африканска земја , да прима и да одржува прифатни центри за мигранти од разни страни на светот, уште и за потребите на трета земја.

Од почетокот на оваа година, дури 45 илјади мигранти се пристигнати до британскиот брег , во споредба со 28.500 во 2021 година. Се користат илегалните премини во импровизирани гумени чамци преку непредвидливите води на Ламанш. Само за една година, 27 лица загинаа преминувајќи  на овој начин од Франција во Британија.

(Д.Л.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе