Позитивни резултати од вакцината против рак
Американските компании „Модерна“ и „Мерк“ соопштија дека првите резултатаи од тестовите за создадената вакцина против рак, се позитивни и силно охрабрувачки.
Таа вакцина се прави врз технологијата на информациона РНК , а на пациентите им се дава во комбинација со антиканцероген лек, а првите тестови спроведени врз 150 лица кои имаат меланом се правени откако тие пациенти во исто време го примале и лекот чие комерцијално име во САД е „Кејтруд“.
Намалување за 44 %
Во соопштението на лабораториите на двете компании се вели дека кај овие луѓе биле забележано дека ризикот од повторното појавување на ракот, или од смртност, било намалено за 44 отсто, во споредба со оние пациенти кои биле само лекувани со лекот.
„За прв пат го покажавме потенцијалот на информациониот РНК во услови на една клиничка проба во борбата со меланомот“ има изјавено првиот човек на „Модерна“ Стивен Бансел.
Овие две познати американски фармацевтски компании сметаат дека наскоро ќе ги публикуваат и целосните резултати од направените тестови, кои потоа треба да бидат верификувани од експерти. Во текот на следната 2023 година, компаниите најавуваат дека ќе ги интензивираат тестовите и врз поголема група пациенти.
Оваа технологија на информационен РНК се означува дека имала клучна улога во борбата против глобалната пандемија со Ковид-19. „Модерна“ има направено силен пробив на пазарот на тој начин што – заедно со „Фајзер/Бионтек“- беше меѓу првите фармацевтски компании која произведе вакцина против короната со користењето на таа технологија.
Охрабрувачка технологија
Експерти велат дека таа технологија се смета за охрабрувачка и при правењето лекови за борбата со разни други болести.
Во изјавата на компаниите се вели дека развивањето вакцина против меланомот е смислена и направена врз основата на единствениот мутирачки знак на откриениот тумор кај пациентот. Претходно, тој бил отстранет со хирушки зафат, а потоа врз него се употребени девет дози од вакцината.
Околу 325 илјади нови случаи на меланом се регистрирани во светот , во текот на 2020 година.