Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Три деца настрадаа во замрзнато езеро

Intricate Explorer

Три деца настрадаа во замрзнато езеро

Три деца на возраст од осум, десет и 11 години починаа во болница во Британија, откако лекарите не успеаја да им ги спасат животите, откако пропаднале во замрзнатата вода, во едно мало езерце во локалниот парк во местото Солихал, во англиската област Западен Мидлендс.

Веднаш по подигнатата тревога интервенирала локалната полиција, а полицајците навлегувајќи во ледено студената вода , без да чекаат специјални одела за вакви случаи, почнале да трагаат по децата и едно по едно да ги извлекуваат.

Смрт од срцев шок

Биле префрлени во болниците во блискиот Бирмингем , во тешка состојба . Децата имале претрпено срцев шок после пропаѓањето и престојот во ледено студената вода, па лекарите настојувале да ја повратат и одражат работата на срцето, но не успеале во тоа.

Со нив во езерото пропаднало уште еден дете, најмало меѓу нив, од само шест години, кое полицајците го извадиле од водата, но тоа и натаму се наоѓа во критична состојба.

Медиумите пишуваат дека полесно повредени има и меѓу полицајците кои ги спасувале децата. Исто така од престојот во студената вода. Еден од нив бил префрлен и во болница , со поблага форма на хипотермија од онаа која ја имаат зафатено децата, па неговиот живот не е ево опасност.

Опасни игри

Полицијата продолжува да трага околу езерото, настојувајќи да утврди дали можеби уште некој настрадал од прскањето на мразот и пропаѓањето во ледената вода.Претставник на полицијата изјавил дека засега никој нема пријавено исчезнување на дете или на возрасен човек.

Не  се знае колку долго децата биле во водата, откако играјќи и трчајќи по мразот почнале едно по друго да пропаѓаат. Мразот кој ја зафатил поголемата површина од езерото, сепак, не бил доволно цврст за да ги издржи четирите деца.

Властите упатуваат апел и предупредување до родителите да не се дозволи по никаква причина,  децата да се приближуваат до замрзнатите водени површини. Британија, а посебно централниот и јужниот дел на Англија, се зафатени со голем студ , па многу езерца , канали и пондови ( мали езерца по парковии и ливади) се замтзнати.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе