Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Апсење во Европскиот парламент за корупција

Апсење во Европскиот парламент за корупција

Потпретседателката на Европскиот Парламент Ева Каили, една од 14-те на таа позиција, е уапсена во рамките на широката операција на белгиската полиција за пресметка со корупцијата во оваа европска институција , но и во Белгија.

Станува збор европратеничка од Грција, која од пред осум години , како избрана пратеничка  од редовите на ПАСОК е членка на Парламентот во Стразбур. Веднаш по апсењето, таа беше суспендирана од функцијата , а е исклучена од грчката лево-центристичка партија и од пратеничкиот клуб на социјалдемократите во Европскиот Парламент.

Каули е осомничена дека за корупција , откакои истрагата која се водела неколку месеци има откриено дека „еднз арапска земја во регионот на Заливот“  се обидувала да влијае врз економските и политичките одлуки на Европскиот Парламент.

Корупција и перење пари

Истрагата утврдила дека станува збор и за корупција, како и за перење пари. Полицијата има извршено претреси на 16 разни локации  и има уапсено вкупно пет лица. Во таа операција се одземени мобилните телефони на осомничените и уапсените, а се запленети и 600 илјади евра.

Во соопштенијата на полицијата и на обвинителството се вели дека повеќе месеци властите имаат сознанија дека „една заливска држава“ се обидува да влијае врз политиката и одлуките на Парламентот во Стразбур , но во офицјалните изјави, веднаш по апсењето на потпретседателката Каили, не се споменува за која земја станува збор.

Медиумите во Брисел, меѓутоа, подоцна открија дека во прашање е Катар- земјата домаќин на Светското првенство во фудбал- која (како што се верува) има дадено дури 220 милијарди долари за организација на првнството и за престижот на оваа малечка,авторитарна монархија во регионот на Персискиот Залив , богата со нафта и природен гас.

Постои сомнеж и за тие се вели дека има сознанија, оти режимот во Катар има делено скапи и вредни подароци, како и пари на функционери во Парламентот на ЕУ , пред се, на оние кои биле на политички и стратешки важни позиции.

Случајот на Гркинката Каили

За Гркинката  Каили која од оваа година е  една од потретседателите на Парламентот, постои силен сомнеж дека таа е една од потплатените функционери. Таа на крајот од ноември има одржано говор во Европскиот Парламент во кој силно ја има брането позицијата на Катар од осудите и обвинувањата во европската политичка и спортска јавност  за загрозените и непочитувани човекови, демократски и работнички права.

Според неа, токму Светкото првенство е „доказ дека спортската дипломатија може да донесе историски промени (во Катар)  чии РЕФОРМИ СЕ ИНСПИРАЦИЈА за целиот арапски свет“. Патем, Катар нема спроведено реформи, а најмалку во секторот на правата на луѓето.

Европратеничката од Грција, на висока позиција во Стразбур, уште има речено дека Катар е „земја-пионер кога станува збор за работничките права“. Претходно, се знае дека таа на неколку пати се има среќавано со катарскиот абасадор во во ЕУ , кој инаку таквите средби и самиот ги има потврдено на Твитер.

Штитење на Катар

Меѓу уапсените се и поранешниот европратеник- Италијанец Пјер Антонио Панцера,потоа  новоизбраниот генерален секретар на Меѓународната конферерација на  на синдикатите, како и директорот на една невладина европска организација и еден помошник во Европскиот Парламент. Против четворица од нив веќе се одугнати обвинувања.

Нема некои пошироки детали за оваа корупциска афрера , освен што е речено дека Парламетот тесно соработува со белгиската полиција и со властите.

Истрагата во Белгија и извршените апсења доаѓаат во време кога Катар и натаму е изложен на притисокот од низа европски организации за човекови и работнички права за нехуманиот и речиси брутален однос на катарските власти кон странските работници.

Најмногу од Индија, Пакистан, Шри Ланка, Непал и Бангладеш кои како гастарбајтери имаат работено на изградбата на објектите за светското првенство во фудбал .

Ниту човечки, а ниту работнички права

Според хуманитарните организации дури 650о лица- работници се загинати во текот на десет години од интензивната изградба во Доха и Катар- како последица на мизерните и нехумани услови за работа- по најмалку 12 часови на искучително високи температури и во несреќи кои никогаш не се истражени до крај. Властите во Доха не им имаат одговрено дури и на земјите од каде се починатите работници.

Катар и натаму продолжува да ги отфрла сите вакви обвинувања и да бара и наоѓа свои сојузници во медиумите, во ФИФА, но сега се покажа и во европските инситуции. Сите тие (најчесто за пари и подароци) лобираат за Катар и ја бранат власта.

Дури и сега, во екот на Светското првенство, се сизна  дека еден од странските работници,  загинал на некое градилиште во Катар. Директорот на Организациониот комитет на катарското првенство во фудбал одбил да го коментира инциденот. Се оправдал дека „сега не било време за такви прашања“,  како и дека „работници на секаде гинат на работните места, па од тоа не се прави случај„.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе