Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Грција го „замрзна“ имотот на уапсената Каили

Грција го „замрзна“ имотот на уапсената Каили

Непосредно пред Божикните и Новогодишните празници . Европскиот Прламент се соочува со ,можеби , најголемиот корупциски скандал во својата историја. Шест лица беа уапсени , меѓу кои е и една од потпретседателките на Европскиот Парламент Ева Каили, избрана на таа функција од редовите на групата социјалдемократски и социјалистички партии .

Каили и други тројца  од уапсените остануваат во притвор , откако белгиското обвинителство подигна и формално обвинување против нив за земање поткуп, за перење пари и за корупција.

Кеш пари во куферче

При претресот во нејзиниот стан, полицијата има најдено и 600 илјади евра, во готовина, а куферче со пари е најдено и во станот на нејзиниот татко, за кого некои бриселски медиуми тврдат дека е во бегство.

Станува збор за парите што грчката европратеничка ги има примано од Катар, за да лобира за оваа мала, блискоисточна земја , богата со нафта и природен гас, во Европскиот Парламент , пред Светското првенство фудбал  што е во тек.

Катар и пред почетокот на првенството, а и сега се обвинува за  сериозни повреди на демократските, човековите и работничките права на лужето во оваа автократска и конзервативна монархија , како и на гастарбејтерите од неколку земји од Азија кои учествуваа во изградбата на објектите за Светското првенство. Но,  тоа го прават и сега како дел од оперативата која работи на планат за темелна обнова на главниот град Доха и на земјата.

Високообразувана политичарка

Каили веднаш беше суспендирана од високата функција во Парламентот во Стразбур, а по веста за апсењето, владата во Грција наложи „замрзнување“ на целиот нејзин приватен имот. Со оваа мерка се опфатени и нејзиниот партнер (невенчан сопруг), како и неколку членови од нејзиното семејство за кои постои сомнеж дека имале , или може да имаат полза од парите земани од поткупт на катарските власти.

Европските и грчките медиуми сега се занимаваат со потпретседателката Каили , откривајќи делови од нејзиниот живот и од биографијата.

Има студирано архитектура на Аристотеловиот Универзитет во Солун. Магистрирала на Универзитетот во Пиреја за меѓународни и европски студии. Таа е докторант по политичка економија , на тема за практичните одговори во текот на криза, а има поминато економски курс на Универзитетот во Харвард , во САД. Но, во Грција има судирано и новинарство.

Со сите свои квалификации од разни области, таа три години- од 2004 до 2008-  има работено во грчката ТВ станица Мега, како новинар- водител. Пред да влезе во политиката била консултатнт за комуникациска стратегија за јавни и за надворешни работи на грчките фармацевтски компании , како  член на една од најголемите медиумски групи. Оваа работа ја имала и кога веќе била европратеник во Стразбур.

Пазарлак со Папандреу?

Многу млада му се приклучува тогаш моќната партија ПАСОК, уште во 1992 година. Била избрана и за претседтел на студентското здружение на Универзитетот во Солун, а во 2002 година била избрана за член на Градскиот соет на Солун- како најмлада во ова тело. Во 2007 година е веќе пратеник во грчкиот Парламент, каде останува до 2012 година.

Една година пред тоа, таа стана позната во целата грчка политичка јавност , откако пред клучното гласање за доверба на Георгиос (Јорго) Папандреу кога соопшти дека нема да гласа за својот партиски лидер и дека нема да ја подржи владата на својата партија ПАСОК.

Но, непосредно пред гласањето се има предомислено, иако се уште не се знае што ја има натерано да ја измени својата  првична одлука.

Како и да е, Папандреу ја дови довербата на грчкиот Парламент, затоа што сите 155 пратеници на ПАСОК  (заедно со Ева Каили) ја подржаа владата.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе