Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Полигамен „пророк“ имал 20 сопруги

Полигамен „пророк“ имал 20 сопруги

Лидерот на една мала, полигамна секта во САД, Семјуел Бејтмен кој себе си се нарекува „пророк“, имал (колку што до сега се знае) најмалку 20 сопруги, наголемиот број од нив малолетнички- пренесуваат американските медиуми, повикувајќи се на соопштение на ФБИ.

Сектата дејствувала во граничниот појас меѓу сојузните држави Аризона и Јута, а Бејтмен го товарат дека ги казнувал оние свои следбеници кои, сепак, не сметале дека е пророк. За него се знае дека претходно бил припадник на фундаменталистичката , мормонска секта ФЛДС , но ја напуштил за да создаде своја секта.

Мажите ги отстапиле сопругите

Таа се финансирала од парите што ги внесувале машките следбеници  кои , инаку, му ги имаат отстапено своите сопруги и ќерките – за да бидат сопруги на Бејтмен.

ФБИ има покренато постапка за целиот случај , во август годинава, врз основа на подигнатите обвинувања за киднапирање против три од неговите 20 сопруги. Две веќе се притворени и изведени на сослушување, а третата се очекува да биде екстрадирана од сојузната држава Вашингтон, на северозападот од САД.

Трите жени се обвинети за грабнување на осум деца на Бејтмен, од еден дом за незгрижени деца  во Аризона. Децата се најдени минатата недела во едно мало место во државата Вашингтон.

Бејтмен (46) е уапсен во август , осомничен дека пренесува деца од една во друга сојузна држава, за да се користат за сексуална активност. Полицијата верува дека е замешан во криумчарење деца, но го обвинуваат  и за полигамија.

Во Јута полигамијата е декриминализирана

Во 2019 година тој  се прогласил себе си за „пророк“. Тоа го направил откако мормонскиот лидер на сектата ФЛДС, кој сега издржува доживотна казна затвор- за сексуално насилство врз деца и за бракови со малолетнички- му наложил да го покрене „ духот божји кај луѓето“.

Според најдените документи од полицијата- излегува дека тоа требало да се практикува низ сексуалните односи на Бејтмен и на неговите следбеници.

Полигамијата е илегална и е забранета во Аризона, но во Јута е декриминализирана во 2020 година. Таа е останата од поранешните учења на мормонската црква, но  уште во 1890 година црквата  ги има отфрлено таквите учења, па во денешно време ја забранува полигамијата.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе