Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Кина : полицијата ги проверува мобилките

Кина : полицијата ги проверува мобилките

Полицијата во Кина ги има запоседнато поголемите градови во земјата за да спречи нови протести кои во изминатите седум денa ја имаат зафатено земјата. Демонстрациите кои се забранети, па затоа се  исклучително ретки,  се одржуваат како протест против острите, а некаде и ригорозни мерки против коронавирусот.

Но, демонстрациите се одржуваат и против продолжувањето на владината политика за „нулта-ковид“ , затоа што поради неа се ограничува слободата на движење на луѓето.

Главниот град Пекинг , како и Шангај, Гуангџи и Хонгџи во последните два дена се преполни со полициски сили . Полицајците ги запираат „сомнителните лица“  додека се движат по улиците и им ги проверуваат мобилните телефони на луѓето.

„Сомнителни“ мобилни телефони

Со ваквата контрола, полицијата настојува да открие дали „мобилките“ имаат „сомнителна содржина“ , како и за да најде во кои апарати е вграден специјалниот систем кои помага да се избегне интернет цензурата поставена од властите.

Се верува дека преку ваквата контрола полициајците ги откриваат, или сакаат да дојдат до оние кои примаат пораки, или ги пренесуваат понатаму за да се продолжи  со уличните протести. Или,  да се открие дали  „сомнителните“  имаат некому пратено порака во која се критикуваат властите, а посебно владата за мерките кои Кина, единствена во светот, ги одржува – оправдувајќи го тоа со ново ширење на коронавирусот.

Медиумите пренесуваат дека во Пекинг се обезбедуваат дипломатските квартови , во чија близина изминатиот викенд имаше протести.

Не толку за да се зачува безбедноста на странските мисии, колку за да се спречи демонстрантите- на било каков начин- да стапат во контакт со некои странски дипломати. Во исто време, во Шангај бил целосно блокиран финансискиот центар, со поставување  бариери на улиците за да се оневзможи собирање на гневните Кинези.

Трагедијата во Урумчи

Уличните протести почнаа откако се разбра за трагедијата во градот Урумчи , во провинцијата Синџин ( во која доминатно население се малцинските Ујгури, некинеска муслиманска етничка заедница).

Тие се репресирани  од кинеските власти и се изложени на насилно бришење на нивниот посебен, национален идентитет, па сознанието за загинувањето на десет лица во пожарот во една станбена зграда во Урумчи , го засилни гневот на луѓето.

Особено кога за разбра дека луѓето, практично, се жртви на острите анти-корона мерки. Не можеле брзо да излезат од запалената зграда ,а ниту до неа брзо да дојдат пожаникарите, затоа што таа била заклучена по наредба на локалните валсти , за да се спречело ширење на заразата, додека квартот бил целиот блокиран.

Властите ги отфрлаат обвинувањата и тврдат дека станарите се самите виновни за пожарот што го предизвикала стара електрична инсталација. Но, не  се открива колку новозаразени има во градот и во провинцијата, која во најголем дел е под строг карантин над 100 денови.

„Престанете да не заклучувате“

Луѓето извикуваат – „Доста ни е од карантин“, „Не сакаме ПЦР тестови , сакаме слобода“, или „Престанете да не заклучувате, дајте ни нормален живот“. За првпат, меѓутоа, има и повици за оставки , па дури и барања за оставка на семоќниот кинески лидер Си Џинпинг.

Сепак, и покрај продолжените протести, кои се на работ да добијат и политички барања, кинеската власта продолжува со својата строга анти-ковид политика. Во низа градови во Кина, со над еден милион жители,  и натаму има строги ограничувања  во движењето на луѓето.

Во Пекинг и во Шангај на улиците се поставени импровизирани објекти во кои се прават тестови на пешаците кои  минуваат. Тие  никако не смаеат да ги одминат, или уште помалку  да  одбијат да им се направи тест.

Критичарите велат дека целата оваа ситуација е сосема непотребна  и прераснува во  вистинска  анти-ковид хистеријан на локалните и централните власти.

Цензура на преносите од Катар

Според проценки на независни посматрачи, намерата на власта во Пекинг е да се одржува страв и тензија во јавноста, само за да се исполни политичката определба на владеачката кинеска Комунистичка партија. Кинескиот лидер Си Џинпинг и натаму останува цврсто  на курсот –  што сега е и задача од последниот конгрес на КП на Кина-  за „нулта-ковод“ и за искоренување на вирусот на короната , во земјата од каде заразата тргна пред речиси три години.

Тоа претерување оди до таму што кинеската држвна телевизија која ги пренесува натпреварите и другите случувања од Светското првенство во фудбал во Катар, почнала да ги цензурира  снимките од тв преносите. Тоа го прави на тој начин што ги покрива  крупните кадри на кои се гледаат навивачките групи во публиката – без маски на лицето.  Веројатно, затоа што се уште задолжителното носење маски е една од причините за револтот на Кинезите.

Во земја со 1,4 милијарди население, официјално, досега се регистрирани околу 40 илјади новозаразени лица.

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе