Џонсон ги озборува Шолц и Макрон
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон, во едно интервју, ги озборуваше канцеларот на Германија и претседателот на Франција, за нивните првични реакции во врска со инвазијата на Русија врз Украина, уште пред Владимир Путин да ги прати своите војници да ја освојуваат територијата на соседната земја.
Во разговор за Си-Ен-Ен, Џонсон рекол дека Олаф Шолц и владата во Берлин сметале дека при евентуална руска агресија, што според нив би претставувало вистинска катастрофа, би било добро судирот брзо да заврши , откако Украина брзо војнички би се предала.
„Шолц за брзо предавање на Киев“
„Меѓутоа, јас не можев тоа да го прифатам , ниту да подржам една таква позиција, затоа што ( во тоа време) ми делуваше како катастрофално предвидување„- има речено поранешниот британски премиер , иако рекол дека таквото германско гледање му изгледало разбирливо.
Пред се, кога станува збор за Германија и за нејзините развиени бизнис и за економските врски со руската страна, посебно во енергијата.
За Франција, пак, Џонсон има речено дека Емануел Макрон, се до последниот момент, воопшто не верувал дека Русите ќе ја нападнат Украина и на тоа мислење останал се до 24 февруари, денот кога Путин ја почна агресијата.
Како што е познато, Макрон , подоцна, беше критикуван во делови од домашната јавност за тоа како се снаоѓаше со ситуацијата , од времето кога таа беше само време без војна, кога ситуацијата беше само погранична криза.
Критиките беа засилени кога отпатува во Москва и се сретна со Путин кој (според некои) го има понижено францускиот претседател – ставајќи го на маса, во еден од салоните во Кремљ, на шест метри одалеченост од рускиот претседател. На средба која ништо не се постигна, одржана само неколку недели пред да тргне руската агресорска армија.
Макрон не верувал во инвазија
Озборувајќи ги лидерите на сите три најважни членки на ЕУ, во интервјуто, кое некои медиуми во Европа го означуваат како „експлозивно“ , Џонсон за (тогашниот ) италијански премиер Марио Драги, тврди дека бил уште покатегоричен . Тој на европските партнери и сојузници во ЕУ им порачувал- да не сметаат на него и на Италија, како и дека Рим не може да ја подржи британската (остра и борбена) позиција.
Ваквата позиција на Италија, според Џонсон, само ја покажувала „италијанската рамнодушност“ и високото ниво на потпирање врз рускиот гас, стравувајќи дека ќе остане без него.
Така или не, озборувањето на Британецот на британските ( и сега) најважни европски партнери, претставува пример за самофалење. Посебно кога се знае дека од силен еврофил ( има работено во Брисел како новинар-дописник, додека татко му работел во Европската комисија), стана тврд антиевропеец и ја извлече Британија од Унијата, оставјќи ја земјата во изолација. Сето тоа само за да стане британски премиер.
Подоцна , кога започна војната, а Џонсон се соочи со заканата да ја загуби премиерската фотелја, на неколку пати патуваше во Киев, со подршка за претседателот Володмир Зеленски, промовирајќи го украинскиот отпор. Лондон силно застана на страната на Украина, давајќи оружје и помагајќи ја воено и безбедносно.
Саморекламерство на екс премиерот
Британски политички експерти, затоа, тогаш, а и сега тврдат дека Џонсон сето тоа го правеше (меѓудргото) и за да ја засили својата позиција на британската политичка сцена, меѓу своите конзервативци кои традиционално се крајно недоверливи кон Москва и меѓу партнерите во Европа.
Во тоа виде шанса да ја врати Британија на европската сцена и да ја покрие политичката изолација во која се најде земјата по напуштањето на Европската унија.
Сепак, иако евроскептик кој „војуваше“ со ЕУ од каде никој не го истера, ниту му сугерираше заминување на Британците, во разговорот за Си-Ен-Ен поранешниот премиер силно ја пофалува Унијата и нејзиното водство за брзото прилагодување и за брзиот и вистиски одговор на агресијата на Русија.
Тој тврди дека и Германија, како и Франција и Италија, а и сите други членки, брзо имаат сфатено дека нема друг избор за Европа, освен силно да се застане зад Киев и Зеленски и максимално да им се помага, додека тоа биде потребно .
„Едноставно, сите увидоа дека не може да се преговара, а ниту да се разговара со тој човек “- има речено Џонсон во интервјуто, мислејќи притоа на Владимир Путин.
„Брилијантна позиција на ЕУ“
Во интервјуто британскиот екс премиер смета дека ЕУ изгради „брилијантна позиција“ која брзо беше поставена и спроведувана.
„Им одавам признание и на Брисел и на целата ЕУ, за тоа како дејствуваа и како сложно функционираа. Вклучувајќи го и носењето навистина остри санкции“- рекол Борис Џонсон.
Официјален Париз и Рим одбиле да реагираат на коментарите на Британецот, додека портпаролот на германската влада рекол дека сето тоа, едноставно, не е точно.
„Знаеме дека екс британскиот премиер е шегаџија и човек кој секогаш има проблеми со вистината. Па, затоа ниту овој случај не се разликува од претходните“- стои во изјавата на офоцијален Берлин.
Изјавата и коментарите на Џонсон доаѓаат во време кога европски воени експери предвидуваат дека Русија, сепак, би можела да се повлече од реонот околу нуклеаната централа во Запорожје , откако оваа нуклеарка неколку месеци е изложена на гранатирање.
Дури и некои руски воени блогери сметаат дека Москва е подготвена да им ја предаде нуклеарната централа на контрола на цивилната Меѓународна агенција на ОН за атомска енергија.