Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Општина во Италија нуди пари за купување куќа

Општина во Италија нуди пари за купување куќа

Градските власти на малото италијанско гратче Пресиче одлучиле на сите кои се спремни да купат куќа, но и да се вселат во празните станови во ова место, да им даде пари- до 30 илјади евра.

Намерата на градските татковци е да му се врати животот на местото и одново да заживее ( сега) празниот центар. Тие веруваат дека даваат доволно пари, затоа што почетните цени се багателни ( за италијнските, но не само за тамошните услови), па  со понудениот износ би можело не само да се купи куќа, туку  таа и да се поправи и адаптира.

Станува збор за се пораширената пракса на малите места и гратчиња низ Италија, што  се повеќе остануваат без жители , бидејќи луѓето  се иселиле , и се уште се  селат  во големите градови. Општините , затоа,  нудат најразлични услови и поволности за продавање и за населување во напуштените куќи.

Голема понуда – евтини цени

На тој начин се настојува местата во кои некогаш имало луѓе и живот, одново да се наполнат со жители. Во некои места, им се нудат на странци за симболични цени, а некаде се даваат и бесплатно, само за да  оние што ќе ја прифатат понудата,  извршат поправка на куќата и во неа се населат.

Што се однесува до Пресиче, цените на куќите кои се градени пред 1991 година, имаат почетна цена од 500 евра за квадрат и се нудат преку аукција.

Тоа значи дека може да се купат за помалку од почетната цена, што овозможува со парите добиени од општината, така купената куќа  целосно да се преуреди. Стан од 50 квадратни метри, на пример,  може да се најде и за 25 илјади евра.

Местото сега има девет илјади жители , но и многу празни куќи и станови кои ги имаат напушетно нивните први сопственци.

Општинарите велат дека освен мошне поволната цена и условот да се добијат пари за купување – од оптинските власти цената, Пресиче има и многу добра локација. Се наоѓа на југот од Италија, во близина на морскиот брег и на убави песочни плажи .

Оживување на празните мали места

Тие веруваат дека со својата идеја, ќе покренат интерес за населување на нови  жители, а со тоа и за враќање  на животот, затоа што населението од година , на година постојано се намалува, иако местото изобилува со минато, со убава архитектура  и со уметност.

„Жално е едно вакво место , полека но сигурно да се празни“- има изјавено еден од членовите на градскиот совет.

Амбициите на Пресиче не завршуваат тука, па тие на новите жители и на оние кои би покренале некаков бизнис , им нудат намален денок, а за семејствата со мали деца и детски додаток.

Проблемот со празните села, мали места и гратчиња не е само италијански, туку е проблем и на југот од Европа. Веста од Пресиче доаѓа откако во Шпанија беше објавено дека цело едно село се продава за 260 илјади евра.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе