Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Лула да Силва избран за претседател на Бразил

Лула да Силва избран за претседател на Бразил

Кандидатот на бразилската левичарска Работничка партија Луиз Инасио Лула да Силва го победи на претседателските избори во Бразил досегашниот шеф на државата- десничарот Жаир Болсонаро и се врати на политичката сцена, како нов претседател  на најголемата јужноамериканска држава.

Во острата изборна трка, дури во вториот круг, Лула го победи Болсонаро со крајно тесна разлика од само нешто над два милиони гласови. Победникотима освоено 50, 8 отсто од гласовите, додека за поразениот се определиле 49,2 отсто од бразилските гласачи.

Обвинувн и суден за корупција

Лула да Силва е поранешен претседател на Бразил кој управуваше со земјата во два мандати- од 2003 до 2010 година – кога вториот мандат беше прекинат поради корупциски скандал поврзан со најголемата бразилска нафтена компанија и со примањето поткуп при изградбата на големите инфраструктурни проекти.

Лула беше обвинет дека со „валкани“ пари , од примен поткуп, била изградена неговата приватна вила во Сао Паоло.

Во 2018 година, тој беше и уапсен и осуден во врска со сите корупциски скандали, па затоа не можеше да учествува на изборите таа година, иако неговата силно популистичка партија го кандидира за претседателската функција, на едно собирање пред зградата на затворот каде беше сместен Лула.

Тоа и му овозможи на Болсонаро, крајно десничарски политичар и поранешен офицер на бразилската армија, да победи на изборите , внесувајќи ја на тој начин во власта својата десничарска идеологија.

Политикански игри со БРИКС

Во изминатите четири години тој беше обвинуван за засилување на корупцијата во земјата, која на овој континент има ендемски корени, за раширениот непотизам и за некооперативност со меѓународната заедница. Стана голем подржувач и политички пријател со Доналд Трамп кој и не криеше дека има голем респект кон сите авторитарни и деспотски лидери, како Владимир Путин, кинескиот неприкосновен лидер Си,  или севернокорескиот диктатор Ким.

Болсонаро се обидуваше да ја копира американската политика, а Трамп го подржуваше во сите негови потези и на домашната и на надворешната сцена, што инаку, не беа секогаш поткрепени од бразилската политичка јавност.

Како што Лула го подржуваше проектот БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка) создаден врз анти-американска основа , што старо-новиот претседател силно го користеше, првејќи сојузи со една Куба , или со Венецуела и другарувајќи со Москва, така и Болсонаро го приграби овој сојуз – за своите десничарски потреби.

Гревовите на Болсонаро

Во финишот на  мандатот Жаир, се определи за  зближување со путинова Русија, подржувајќи ги неговите освојувачки војни за територии, верувајќи дека на тој начин ќе ги приграби за себе пролевичарските гласачи и оние на Лула кои веруваат дека дружбата со Москва е добра работа, затоа што тоа значи спротивставување на САД, со кои тие имаат идеолошко недоразбирање.

Проблемите на десничарот Болсонаро, меѓутоа, беа домашни, а тие се сведуваа освен на корупцијата, така и на неговото неодговорно однесување кон пандемијата со коронавирусот, антиваксерството  и задоцнетото реагирање на заразата, поради што Бразил се нареди во редот на најтешко погодените земји во светот.

Исто така и со неговиот недоговорен однос кон екологијата, форсирајќи сечење и уништување  на амазонската прашума, не верувајќи дека тоа има директно влијне врз еко- системот и врз климатските промени. И по едната и по другата работа, тој буквално ги копираше потезите  и ставовите на Трамп и успеа на тој начин да го изолира Бразил.

Шок на десницата

Бразилските медиуми јавуваа за шокот со кои се зафатени неговите симпатизери и десничарските гласачи кои веруваа дека во крајно валканата изборна кампања, Жаир Болсонаро ќе го порази „нечесниот“ Лула кој уште беше и во затвор. Весниците  пишуваат дека победата на левичарите и на нивниот кандидат, во секој случај,  претставува „запрепастувачко вреќање“.

Победникот и нов претседател, пак, ветува дека ќе ја обнови земјата за која вели дека била „крајно запустена“ .

Независни аналитичари , меѓутоа, проценуваат дека неговото сегашно владеење ќе биде потешко од првите две, затоа што Бразил е длабоко поларизиран  и поделен- идеолошки и социјално. Тоа го покажува  и неговата крајно тесна изборна победа, па се верува дека овој пат ќе мора поинаку да ја води земјата.

Првите честитки за изборната победа дојдоа од неговите другари- во Хавана и во Каракас- но и од САД и Франција.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе