Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Шверцот со луѓе – крупен криминален бизнис

Шверцот со луѓе – крупен криминален бизнис

Полициите од низа земји од ЕУ со години на ред водат вистинска војна со наовиот криминален бизнис- шверцот со луѓе – кој европски безбедносни експерти го квалификуваат како бизнис кој носи профит како и шверцот со дрога.

Посебно на ваквите оперции против овој криминал се ангажирани полициите на југот од Европа- Грција, Италија и Шпанија.

Грција е  прва на ударот од мигрантите од Блискиот и Средниот Исток , што минуваат низ Турција која, пак,  често пати ги користи како свое орудите во „пазарлаците“ со ЕУ, намерно пропуштајќи ги оние кои се по мигрантските логори на турска територија. Во тоа соседско надмудрување постојано лебди во воздухот создавање поголема безбедносна криза меѓу овие два непријателски настроение -еден кон друг – соседи.

На пат кон богатиот Запад

Другата траса води  од Африканските земји- преку Либија, која по соборовувањето на режимот на Моамер Гадафи , целосно е отворена за наплив на бегалци и мигранти , кон Италија. Таму  или остануваат,  предизвикувајќи десничарски радикализам во јавноста што директно влијае врз италијанската  политичка сцена ( како на последните парламентарни избори), или продолжуваат кон другите во Унијата.

Конечно, Шпанија е на постојан удар од бегалци и шверцувани луѓе кои преку   Мароко,  од африканскиот запад ,се обидуваат да навлезат во Шпанија и натаму кон западот на Европа.

На сите три коридори ( еден од нив минува и низа Балканот) , мигрантите ги пречекуваат шверцерските банди , откако претходно ги имаат покренато луѓето  за заработувачката што ја создаваат,   на задоволство и одобрување од земјите од каде шверцуваните луѓе потекнуваат. На тој пат кон богатите и над се социјални држави кои имаат уредено и висок социјален стандард , како најатрактивни се јавуваат Австрија и Германија, како и Холандија и Белгија и секако Франција и Британија.

До Кале и Данкерк

Во годините кога Британците беа дел од ЕУ, другите од Западот на Унијата, како Белгија и Холандија, но пред се, Франција и го „чуваа грбот“ на Британија.

Во тие години Данкерк и посебно Кале и двата- француски градови на Ламанш – беа полни со оргнизирани и „диви“ кампови за бегалци од сите страни кои беа задржувани (солидарно) од другите во ЕУ, за да не се претвори британската територија во одредиште на бегалци, мигранти и на ловци на социјална помош. Овие последни две групи секогаш беа доминантни на брегот од каналот што ги дели Британија и Франција.

Сега кога Британија по Брегзит се повлече од Унијата, го нема ниту солидарниот штит на другите во Европа. Британските влади – претходно горди на својот евроскептицизам- сега се соочуваат со драстичен раст на мигранти.

Особено преку Ламанш, илегално водени од шверцерските банди од разни национални бои кои прват големи пари префрлајќи луѓе во мали или импровизирани пловила преку каналот.

Грешката со Брегзит

Солидарноста на ЕУ ја нема, како обврска врзана за членството и за давање помош на друга земја-членка за  заштитата на територијата на Унијата. Затоа ги нема и големиот број импровизирани кампови.

Тоа, меѓутоа, не значи дека нема  мигранти кои наоѓаат различни изговори- подучени од шверцерите на луѓе – како да се снаоѓаат во новата ситуација. Бизнисот во изминатите години е толку напреднат што многу мигранти чекаат илегален транспорт на другата страна, сместени по разни мали хотели и приватни куќи, долж францускиот брег.

Сепак, тоа не значи и  дека Европејците целосно  ги имаат оставено Британците сами да се борат со мигрантите и со илегалната миграција, поради која (инаку)  направија голема стратешка грешка , излегувајќи од ЕУ.

Во секој случај и сега, во  ловот против овие шверцерски банди,  силно е ангажирана француската полиција и жандармерија , а во таквите операции на елиминирање на бандите и  на тајните (ноќни) премини, заеднички дејствуваат со Британците.

Дронови и термални камери

Се користат специјални дронови, опремени со максимално чувствителни сензори кои и во „најцрна ноќ“ распознаваат луѓе, кои на екраните се означени како фигури во портокалова боја , што се откриваат со помош на  термални камери.

Полицајците раскажуваат дека редовно ги откриваат илегалците  покрај брегот на Ламанш, како ги подготвуваат  (најчесто) големите гумени чамци за опасниот ноќен премин преку Каналот, долг 33 км. Но, не ретко тие сепак успеваат да побегнат во ноќта, користејќи понекогаш возила за возење по  песок. При бегството ги остават полунапумпаните чамци и појасите за спасување во нив. Секогаш кога ќе го слушнат летот на дроновите над нив.

Властите во Франција, како и Британците кои тесно соработуваат со нив, објаснуваат дека ваквите операции се одвиваат на простор што е долг 160 км колку што изнесува локацијата од Кале до Данкерк. Тој простор е преполн со секаква еклетронска и друга опрема која треба да помогно во ловот на илегалните мигранти и на шверцерите, но се признава дека бројот на илегалние преминувања постојано расте.

Албанска шверцерска мрежа

Француската страна, на пример, тврди дека успеваат да запрат 50 отсто од сите обиди за илегално префрлање, признавајќи дека ( колку што се знае досега минале над 35 илјади лица. За нив се знае дека не се никакви илегалц-бегалци од очај , или жртви на политички терир во своите земји.

Станува збор за мигранти и за добро организирани шеми за илегално префрлање во Британија. Сите кои се уловени на крајот признаваат дека оделе за работа, за богатите социјални примања во Брианија и за да се поврзат со другите од семејството кои веќе се таму.

Висок функционер на француската полиција има изјавено за Би-Би-Си дека доминантна станува албанската шверцерска мрежа , која веќе има создадено и т.н. албанска линија преку Ламанш. Таа е различна од онаа на Курдите и на Ирачаните , затоа што е многу поефикасна и подобро смислена и организирана.

Шверцерските босови се во Британија

Податоците на француските служби откриваат дека цели 40 отсто од сите досега откриени илегални минувања се организирани од оваа албанска мрежа за шверц на луѓе , а дури 60 отсто од сите успешни преминувања на шверцувани мигранти кои успеале да се префрлат на британска територија – се Албанци.

Француските власти тврдат дека албанските криминални банди , во основа, дејствуваат од Британија. Таму се смстени  газдите и шефовите  кои добро ги познаваат британските состојби, навиките и  начинот на дејствување на тамошните власти. Затоа, делуваат многу поискусно од  другите шверцери , па затоа и често успеваат да и побегнат на полицијата.

Сето тоа предизвикува и  цената за илегален  премин, кај албанските шверцерски банди е многу повисока. Проценка е дека просечно мигрантите  плаќаат  по четири илјади евра за еден човек, а кога во еден чамец ќе се сместат 40 лица, тогаш се гледа колку е висока заработувачката само од еден илегален премин.

(Д.Л.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе