Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Милијарда отштета за лажно тврдење за заговор

Милијарда отштета за лажно тврдење за заговор

Американскиот десничар Алекс Џонс,  силен подржувач на разните теории за заговор  што ги промовира во својата радио програма, жестоко е казнет  од судот во американската сојузна држава Конектикат да плати отштета од безмалку една милијарда долари за лажно тврдење за постоење заговор.

Џонс ќе мора да им плати на осумтемина тужители и на еден агент на ФБИ кој има работено на истрагата за масовното убиство  во локалното училиште Сенди Хук во 2012 година. Казната се однесува на неговото упорно и низа пати повторено  тврдење дека  – пукотницата во училиштето е „измислица“ и  дека станува збор за теорија на заговор- создадена од власта – за политички потреби.

Сурови лаги на Алекс Џонс

Семејствата на осум од жртвите ( и оперативецот на ФБИ кој реагирал на нападот) го тужеа Џонс и бараа отштета од вкупно половина милијарда долари поради постојаното тврдење на водителот за наводниот заговор, што има предизвикано ужасна ситуација меѓу родителите на убиените деца.

Цела една деценија , тие биле вознемирувани, вербално и на друг начин по социјалните мрежи и со испраќање мејлови со пораки, во кои имало и закани со смрт од луѓе-подржувачи на Џонс кои веруваат во тоа што тој го зборува.

Пред десет години, вкупно 20 деца- ученици и шест возрасни лица беа брутално убиени во масовната пукотница во основото училиште Сенди Хук.

Џонс, меѓутоа, со години на ред тврди дека целиот случај бил „исцениран“. Односно дека масакрот во училиштето бил „заговор на американската влада“ за да крвавиот инцидент биде искористен  за донесување мерки со кои би се забранило поседување и носење оружје.  Всушност, овој десничар, тврдел дека „никој не умрел во Сенди Хук“!

Преседан пресуда

Американските медиуми на целиот случај и на пресудата му посветуваат големо внимание, поради бројните теории на заговор кои се присутни во јавноста во САД.

Медиумите сега твдат дека Џонс и таквите како него, како и оне кои веруваат во лажните приказни кои се продаваат и кои знаат да создадат забуна, а во случајот на Сенди Хук и да доведат  до децениско измачување на родителите на жртвите, конечно, се судрија со реалноста.

За весниците ваквата пресуда и казната се почеток на крајот на ширењето дезинформации – во јавноста, но и во медиумите, а посебно  на интернет.

Самото казнување на Џонс и волку виоката казна- за плаќање отштета – се верува дека сите такви како Џонс кои пишуваат книги, водат кампањи во јавноста и се јавуваат на телевизиите- ќе ги натера сериозно да размислат.

За прв пат во Америка тие се соочуваат со суд, со казнување, па затоа се смета дека одлуката на судот во Конектикат претставува преседан.

Секој пети Американец верува во заговор

Сепак, едно истражување што е направено во врска со случајот Сенди Хук открива дека 20 отсто од Американците верува дека навистина пукањето во училиштето било наместено  од владата на САД, но дека така мислат и за други масовни убиства што се имаат случено низ Америка.

Медиумите потсетуваат дека токму ваквите лажни тврдење за заговор се „шетаа“ низ американската јавност и во текот на двегодишната борба со пандемијата со коронавирусот која, инаку, го погоди целиот свет.

Разни поединци и антиваксерски групи постојано ја збунуваа јавноста со тврдењата дека короната и болеста Ковид се измислица и дека нема никаква пандемија , туку дека станува збор за „заговор“ на фармацевтската индустрија , на богатата светска елита и на владите низ светот кои ја одржуваа пандемијата за свои политички потреби.

Против правење дезинформации

Тоа го имаше во САД и низ двете Америки, но се ширеше и низ Европа, се до балканските простори.

Се манифестираше со одбивање да се прима вакцина ( наводно имала специјални чипови за следење на луѓето) со организирање протести, или со уништување на заштитните маски. Не помогна ни тоа што многумина од таквите антиваксери и раширувачи на дезинформации, починаа- како жртви на корона вирусот.

Казнувањето на Алекс Џонс, да плати речиси една милијарда долари отштета се верува дека ќе влијае и врз ширењето разни измислици, правењето неточни вести и дезинформации и на креирањето „fake news” – дури и во медиумите кои сметаат за себе дека се сериозни.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе