Грузијците ги примаат и ги мразат Русите
Над 150 илјади руски државјани, ја имаат минато границата на Грузија, бегајќи од војната во Украина, или од режимот на Владимир Путин, но во текот на септември и од мобилизацијата што ја прогласи Кремљ.
Според официјалните податоци на грузиските власти , дневно во земјата влегуваат по над десет илјади руски државјани – сите преку единствениот граничен премин меѓу двете соседни држави Ларси.
Пред нешто повеќе од триесетина години, во времето на Советскиот Сојуз – Грузија и Русија беа братски, советски републики. Сега се само соседи, но локалните луѓе не кријат дека двете земји никогаш досега не биле меѓусебе поодалечени. Едноставно, не се сакаат и не се поднесуваат.
Бегство и со велосипеди
Русите и натаму навлегуваат во Грузија , бегајќи од Русија. Во Грузија тие оставаат девизи , многу потребни за кревката грузиска економија, купувајќи , или изнајмувајќи недвижен имот- станови, или куќи. Најголемиот број од дојденците се населуваат во главниот град Тбилиси, или во приморското летувалиште Батуми, на Црноморскиот брег, но според признание на Грузијци. Сепак, и двете страни се согласуваат дека сето тоа се одвива во речиси непријателска атмосфера.
Странски репортери кои престојувале во оваа сиромашна земја во подножјето и на падините од Кавказ, јавуваат дека на преминот Ларси и натаму се чека во долги редици, иако помалку, откако руските власти, од другата страна на границата поставија регрутен центар преку кој ги ловат сите оние кои сакаат да ја одбегнат армијата и испраќање на украинскиот фронт.
Кога Русите забранија патување со автомобил на патот што води кон граничниот премин со Грузија, луѓето од поблиските реони бегаа користејќи моторцикли или дури и велосипеди со кои тешко се искачуваат по стрмниот планински пат.
Омраза кон руските окупатори
Се јавува дека во Тбилиси на сите страни се слуша рускиот јазик, како во најдобрите советски времиња, но иако (засега) нема никаков инцидент, уште помалку на меѓунаионална основа, грузиските домаќини и не кријат дека ги мразат и Русија и Русите.
Таквото расположение е последица на руската интервенција во Грузија, во август 2008 година.
Тогаш властите во Тбилиси се обидоа да го скршат сеператизмот во Јужна Осетија, со воена сила. Се замеша Русија , а Путин ја покрена руската армија , која со тенкови навлезе на грузиска територија и по петдневните судирања, ја порази слабата грузиска војска и го натераа тогашниот грузиски претседател Михаил Саакашвили да побара примирје.
Во тој воен судир, Грузија загуби уште едно парче од својата државна територија- Јужна Осетија- која веднаш се најде под рускиот „безбедносен чадор“ . Оваа сепаратистичка територија целосно се изолира од матичната држава , прекинувајќи секаква врска со централната власт во Тбилиси.
Со благослов на Москва, локалната, проруска власт објави отцепување од Грузија, прогласувајќи ја својата територија за „независна држава“. Набргу потоа, Русија, како и Белорусија, Никарагва, Венецуела и Сирија ја признаа новата држава што ја создаде Москва.
Расцепување на Грузија
Претходно, во 1991 година, според истото вакво сценарио, Русија ја окупира, па потоа дозволи Абхазија , грузиска област на брегот на Црно Море, да се отцепи и да се прогласи за „независна држава“ .
И оваа грузиска територија никој во светот не ја признава, освен истите земји – руски сателити кои прифаќаат дека Јужна Осетија е „независна“. Уште оваа територија сега има покренато постапка за „референдум“ за приклучување на Осетија кон територијата на Русија.
Ако пред 30 години, отцепувањето на Абхазија беше третирано како дел од крвавото излегување на Грузија од СССР и неуспехот ( и тогаш) на Грузијците да ја одбранат својата државна територија од Русија, во случајот на Јужна Осетија може да се види она што Путин и неговите „силники“ во и околу Кремљ го имаа испланирано за Украина.
Русите во Грузија пред 14 години навлегоа за да го „одбранат“ цивилното население и застанаа на страната на Осетијците, тврдејќи дека тие и онака не сакаат да останат во Грузија, со Грузијците со кои (тврдеше и тврди Москва) никогша не сакале да живеат заедно и во една држава.
Соборување на Саакашвили
Станува збор за типична приказна на путинова Русија, наменета за наивните во меѓународната јавност и за домашнта публика во Русија.
Во основа, Кремљ и Путин настојува на секаков начин да се пресметаат со преседателот кој се осмели да и сврти грб на Москва, па ја искористија избразаната и лошо планирана операција против осетискиот сепаратизам за да го казнат Саакашвили што изведе „шарена револуција“.
Наместо кон Истокот , овој прозападен грузиски политичар се определи земјата од Кавкасите височини да ја однесе во Европа. Веднаш по изборот за шеф на државата, тој побара прием на Грузија во НАТО и во ЕУ.
А, тоа е политика што Путин не ја поднесува, па во секаков случај настојува да ги казни тие што му ги расипуваат имепријалните планови- низ создавањето нови „држави“- да го обнови СССР- без разлика дали станува збор за земјите излезени од некогашниот Советски Сојуз, или во државите подалеку од Истокот, како оние на Западен Балкан.
Пречек со анти-руски пораки
Така се случи со Јужна Осетија, а така Кремљ и штабот „силники“ планираше да ја затвори и украинската приказана.
Прво со создавање бунт во Донбас, а потоа и со прогласување на теритриите во „независни држави“. Се покажа, меѓутоа, дека Украина и Украинците, Зеленски и Европа се определија да му се застане на патот на Путин да води војни за нови руски руски територии.
Во 2008 година, Европа и светот реагираа сосема неуверливо, останувајќи главно само на осуда на она што се случи тогаш во Грузија. Населението, меѓутоа, не заборава за аавгуст 2008 година и не сака да им простува на Русите, па дури ниту на оние кои бегаат од Путин и од украинската војна.
Бегалците ги пречекува со бројни транспаренти и плакати кои ги има од граничнот премин Ларси до пред Тбилиси. На нив Русија се нарекува окупаторска земја и освојувачи на туѓи територии , но и со бројни навредливи пораки за Владимир Путин.