Поврзете се со нас

Skopje Global

Култура

Тешко оштетени скулптурите на Велигденските Острови

Тешко оштетени скулптурите на Велигденските Острови

Голем шумски пожар , за кој се верува дека е подметнат, тешко ги има оштетено величенствените Моаи скулптури на Велигденските Острови.

Огнената стихија што траела неколку денови, ги зафатила и овие споменици на полинезиската стара култура, па сега се толку оштетени што не се знае дали било кога и како би можеле да се санираат и да изгледаат како порано.

„Високата температура го забрзала процесот на распаѓање, па камените споменици се претвориле во песок“- има изјавено гувернерот на островот Рапа Нуи, како што се нарекува на јазикот на локалното население. Според неговото мислење ,направената штета е непоправлива, а таа не може ниту да се измери во некоја материјална вредност.

„Стопени како да се од снег“

Пожарот има зафатено над 60 хектари од ова културно наследство што е под заштита на Унеско .

Во просторот зафатен со огнената стихија   се влезени и делови од внатрешноста на вулканот Рано Рараку, каде исто така имало стотина вакви скулптури направени од локалниот песоклив камен. Засега е откриено дека најмалку 20 се целосно уништени.

Огнот, а посебна виоската температура и долгото одржување на пожарот, предизвикале каменот од кој се направени Моаи скулптурите да се „топат“  како да се од снег и да се уриваат.

Велигденските Острови се лоцирани во Пацификот, 3500 км. западно од брегот на Чиле. Островите се туристичка атракција , а од неодамна се повторно отворени за посетување, откако две години беа затворени поради пандемијата со коронавирусот. што инаку тешко го има погодено Чиле.

Гигантски камени глави

Се верува дека спомениците се градени од Полинезиското  племе Рапа Нуи пред повеќе од 500 години. Во периодот меѓу 1400  и 1650 година  , поставени во круг околу островот.

Има околу илјада вакви  гигантски споменици со човечки лик, расфрлани низ островите како некаква стража од надворешниот свет и од можните напасници. За секоја од овие скулптури се верува дека претставуваат реаинкарнација на живи луѓе кои таму живееле.

Најголемите се проценува дека се тешки 74 тони и се високи десет метри. Она што се гледа на површината се гигантски камени глави од која секоја е по околу четири метри висока. Не се знае како биле градени и како биле поставувани.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Култура

Горе