Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Британија во постелизабетанско време

Британија во постелизабетанско време

Новиот британски крал Чарлс им се обрати за прв пат на Британците, а ден потоа тој беше и официјално прогласен за новиот суверен на Обединетото кралство, што меѓутоа, не значи и неговово официјално крунисување

Смрта на кралицата Елизабета која значи крај на елизабетанската епоха која траеше 70 години, го означи почетокот на новото време , кое започнува со отворање на процесот на наследување на престолот и на прераспоредување на претендентите и на новите именувања и титули.

Унапредување за Вилијам и Кејт

Постариот син на Чарлс, принцот Вилијам сега станува првиот претендент на британскиот трон и нов престолонаследник . По традиција тој ќе ја добие титулата принц од Велс, додека неговата сопруга ( Кејт Мидлтон- војвотката од Кембриџ) ќе се именвува во принцеза од Велс- титула која остана празна и никому не беше доделена по трагичната смрт на мајката на Вилијам – принцезата Дијана.

Титулата престолонаследник и прнц од Велс, меѓутоа,Вилијам нема да ја добие по автоматизам, затоа што треба да биде потврдена од нговиот татко- новиот британски крал. Трите деца на Вилијам и Кејт ќе добијат нови титули на принцови и принцеза, а тоа ќе се направи и со синот и ќерката на Хари, од неговиот брак со Меган Маркл.

Арчи Маунтбатен Виндзор станува принц додека неговата помала сестра Лилибет (Лили) ќе стане принцеза.

Ваквото решение не е гест на добра волја на новиот крал , или знак за некакво измирување во семејството, туку претставува законско право што е создадено уште пред 100 години , од кралот Џорџ Шести, таткото на починатата кралица Елизабета. Тоа право за децата на Хари се извлекува од одрдебата дека тие се деца на детето на британскиот суверен.

Камила- кралица сопруга на кралот

Родителите, Хари и Меган, меѓутоа , ќе останат со своите сегашни титули како војвода и војвотка од Сасекс, титули кои ги задржаа без разлока што Хари кој е шестиот по ред претендент на престолот, се откажа од сите кралски титули и привилегии и со сопругата се пресели да живее во Америка.

Најстарото дете на кралицата, принцот Чарлс сега е крал на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска, крал на земјите од Комонвелтот кои ја признаваат и прифаќаат британската круна и поглавар на Англиканската црква- позиција која постои од времето на Хенри Осми, по неговиот судир со Ватикан и тогашниот папа.

Во 1534 година Хенри се отцепува од католичката црква, создава нова (протестантска) и се именува за нејзин поглавар- за да се разведе од сопругата Катерина Арагонска и за да се ожени со Ана Болин.

Сопругата на Чарлс, досегашната војвотка од Корнвол, пак, станаува кралица- сопруга на кралот.

Одново со принцеза од Велс

Титула која оваа година, во пресрет на платинастиот јубилеј и ја додели кралицата Елизабета по силниот притисок на нејзиниот син. Првично, поради околностите во кои тие двајцата беа заедно, а потоа и се венчаа во 2005 година, беше определено Камила да биде принцеза- сопруга на кралот (спуз), без титулата кралица.

Најмногу промени ќе има кај Вилијам и Кејт. Тој ќе биде именуван и во војвода од Корнвол и Кембриџ, преземајќи го војводството Корнвол од татко му. Таа титула ќе ја добуие и сопругата Кетрин.

Вилијам станува 25-от по ред војвода од Корнвол , титула која му овозможува право на користење на повеќе милионските годишни приходи од големите имоти на ова војводство од кои новиот престолонаследник материјално ќе го покрива својот јавен и приватен живот.

Кејт кога ќе ја преземе титулата принцеза од Велс, ќе биде првата после 25 години со таа титула која беше „замрзната“  од смрта на Дијана. Војвотката од Корнвол, Камила, имаше право да ја користи, како сопруга на Чарлс, но таа тоа никогаш не го направи.

(Д.Л.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе