Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Франција- повеќе од100 општини без вода за пиење

depositphotos.com

Франција- повеќе од100 општини без вода за пиење

Франција се соочува со голема суша , која предизвикува  и криза во снабдувањето со вода, што е редок случај во поновата историја на земјата. Но,  овој пат станува збор за суша каква во Франција немало повеќе од 100 години.

Сувото и топло време, без врнежи, предизвика повеќе од стотина општини, посебно оние во јужните делови од земјата, да останат без вода за пиење . Во ваква ситуација, на населението вода им се доставува со цистерни. Луѓето од овие општини им изјавиле на новинарите дека во „цевките не останала ниту една капка вода“.

Вода за пиење од цистерни

Владата и специјалниот тим за справување со кризата , настојуваат да помогнат за надминување на состојбата на разни начини. За почеток, воведена е рестрикција во потрошувачката, во 93 француски региони.

Проблемот . меѓутоа, со тоа не се надминува- барем не во кус период- затоа што метеоролозите најавуваат дека сувото време, без дожд , ќе продолжи и во следните две ндели.

Државната енергетска компанија ЕДФ соопшти дека морала да го намали производството во неколку од француските атомски централи , затоа што е утврдено дека температурата на водата во реките, што „нуклеарките“ ја користат, е премногу висока за да може да се користи за ладење на нуклеарните реактори.

Од друга страна, се стравува дека сушата , која ја има погодена поголемиот дел од теритријата на Франција, ќе го редуцира приност на пченицата и на другите житни култури, инетнзивирајќи ја кризата со храна која е веќе предизвикана со руската инвазија врз Украина.

Најсув јули по 1961 година

Европејците и онака се соочуваат со повисоките цени кои настанаа со блокадата на пристаништата и на силосите на украинските производители на пченица и пченка. од страна на руската војска, што предизвика раст на цените на храната.

Но, и како последица од  прекинот на дотур на храна за светот, што изминатите месеци го прави Русија, со своето жито одмаздувајќи се за санкциите кои и се наметнати поради агресијата врз територијата на Украина.

Горештините кои траат уште од јуни предизвикаа промени во растителниот свет- дрвјата и грмушките веќе сега остануваат без листовите- многу порано од вообичаеното време- доцна во октомври.

Во јули, во Франција има регистрирано врнежи од дожд од само 10 милиметри, што е најмало количество врнежи, после март 1961 година.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе