Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Нов Зеланд: Рекордна смртност од корона

Нов Зеланд: Рекордна смртност од корона

Нов Зеланд бележи рекордна смртност од коронавирусот , а сегашниот бран од новозаразени со Омикрон варијатната е погубен за постарото население во оваа островска земја во Пацификот.

Министерството за здравство во Велингтон објави дека само во текот на една недела, заклучно со 16 јули, во оваа земја се регистрирани 155 починати лица, што е повќе од досега „црната недела“ забележана во март годинава, во екот на големиот налет на панедмијата кога имаше 115 починати лица. Само во изминатите 24 часа се регистрини нови 26 починати- сите на возраст од над 60 години.

Бројот на новозаразени е повисок

Домашните вирусолози имаат изјавено дека Нов Зеланд е нападнат од подваријантата на короната, позната како БА-5 , за која се знае дека се шири уште полесно и побрзо од основиот вид на Омикрон вирусот.

За една недела се регистрирани над 65 илјади новозаразени, а домашните и странските медиуми ги цитираат локалните епидемиолози  кои веруваат дека вистинската бројка е сигурно повисока. Според нив,  голем број граѓани не се тестираат, иако ги имаат почувствувано симптомите на вирусот, или ако самите утврдат дека се позитивни, преку т.н. брзи тестови – никаде не ја пријавуваат инфицираноста.

Амбулантите , службите за итна медицинска помош и болниците се наоѓаат под зголемен притисок, иако  се вели дека ситуацијата ( засега) не се смета за критична.

Затоа, владата на премиерката Јасинда Ардерн смета дека во овој момент, не е потребно воведување на карантински мерки, локдаун , или ограничување на движење на луѓето. Нема нити обврска за носење на заштитни маски за лицето кои се покажаа корисни во борбата со пандемијата.

Маски за учениците?

Но министерството за образование им препорача на училиштата да воведат носење маски за децата кои идната недела се враќаат од (зимскиот) распуст . Во Нов Зеланд сега е зима и децата беа две недели со своите родители.

Оваа земја од 5,5 милиони жители има силно развиен социјален и здравствен систем и таа беше пример за светот кога успеа да се одбрани од првиот налет на короната и на глобалната пандемија- со целосно затворање на земјата и со комплетна изолација од надворешниот свет. Тоа и не е тешко да се изведе кога се знае дека Нов Зеланд е островска земја,  четири часови авионски лет одалечен од најблискиот град во Австралија.

Кога ваквите мерки се напуштија, од почетокот на годинава, а земјата полека почна да се отвора, бројот на новозаразените со короната, почна постојано да се зголемува.

(Г.И.)

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе