Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Софија се одалечува од Москва

alexF-64/Depositphotos.com

Софија се одалечува од Москва

Во Европа, на Бугарија која е членка и на ЕУ и на НАТО,  се гледаше како на „отпадник“ за каков се смета орбанова Унгарија, кога станува збор за старото ривалство на Западот со Истокот и за тоа кон кого повеќе земјата е наклонета.

Тоа траеше се до руската инвазија врз Украина, од кога се смета дека Софија започна постепено да се „лади“ кон Русија и да се одалечува од Москва.

Според анализата на Демостат, дури  е и малку  веројатно дека по завршувањето на војната бугарската страна би можела одново да се збратимува со Русија. Исто како што и руската страна, тешко ќе може да смета дека некогашната најлојална сојузничка , останува во нејзината сфера на влијание. Без разлика на тоа која влада би била на власт во Бугарија.

Протерување руски дипломати

Врв на разногласието и на „новите односи“ беше одлуката на Софија да протера дури 70 руски дипломати, обвинувајќи ги дека работеле против државните интереси на земјата.

Москва реагираше во свој стил – остро и со закана дека ќе ја затворат својата амбасада во Софија, а воинствениот руски министер Сергеј Лавров и се закани и на ЕУ дека ќе ја „казни“ за постапката на бугарската влада.

Одлуката за протерување ја донесе премиерот на заминување Кирил Петков, првиот вистински прозападен и проевропски бугарски премиер.

Историски врски

Тој од самото стапување на функцијата зазеде цврст став кон Москва и нејзината агресија врз Украина, што беше примено како големо изненадување со оглед нa блискоста на Софија и Москва и по влегувањето во НАТО/ЕУ.

За двете држави се знае дека имаат традиционално блиски односи – врзани за културата, јазикот и за историјата. Русија ја има ослободено Бугарија од отоманското ропство и по војната од 1877 година, директно се има мешано во уредувањето на новата независна држава.

Москва има создадено и една фиктивна „голема бугарска држава“ – од Црно Море до Јадранот, како свој инструмент за контролата на Балканот.

Ваквата „целокупна“ Бугарија никогаш нема заживеано во пракса, но таа е основата за трите војни во кои Бугарија има учествувано, прогласувајќи ја таа територија за некаква своја „национална целина“ – до денешно време.

Преполовена поддршката за Путин

Демостат, меѓутоа, смета дека војната во Украина има свртено значаен дел бугарската јавност против Кремљ и Владимир Путин, иако не мал дел од таа јавнот, како и политички сили во Бугарија, останаа тврдокорни вљубеници во Москва.

Анкетите што се направени, сепак, го покажуваат одалечувањето од Москва.

Според агенцијата Алфа – Ресрч (Alpha Research), пред агресијата врз Украина, Путин ја имал поддршката н над 55 отсто од јавност во Бугарија. Сега, едвај 25 отсто се им определено за рускиот претседател.

Инвазијата и војната на Истокот од Европа, има предизвикано над 63 отсто од Бугарите да се изјаснат дека на нивната земја и е многу подобро да биде дел од ЕУ и во сојуз со НАТО, отколку да биде дел од некаков источен сојуз, предводен од Русија.

Војната ја протресе Бугарија

Анализата на истражувачкиот центар Глобсек, пак, открива дека процентот на анкетираните бугарски граѓани кои ја гледаат Русија како стратешки партнер се намалил – од 45 отсто колку што изнесувал во 2021 година, на едвај 30 отсто во март оваа година.

Војната во Украина ја има сериозно потресено и бугарската политичка сцена.

Петков го смени својот министер за одбрана (социјалист и русофил, пензиониран генерал) затоа што руската инвазија ја означуваше како „специјална воена операција“, а не војна.

Софија, потоа, одби да плаќа гас во рубли, на што Москва ги казни Бугарија и Полска со прекин на испораката. Бугарската влада, исто така, го затвори воздушниот простор за руските авиони, како и сите другите на Балканот, па Лавров не можеше да допатува во Белград.

Русија го казнува Петков

Веднаш по тоа, на Петков и на неговата влада им беше изгласана недоверба, за што тој јавно ја обвини Русија и нејзината амбасада во Софија.

Сега се прават обиди за формира нова владина коалиција, но на инсистирање на про – руските бугарски социјалисти, што ги предводи актуелниот бугарски претседател, Петков беше уште еднаш казнет. Социјалистите одбија да го подржат проевропскиот реформато за мандатор.

Новата влада (ако се формира) може теоретски да биде „поблагонаклонета“ кон Москва, но европски медиуми тврдат дека и самите Руси не веруваат во враќање на минатото.

Избори по четврти пат?

Реформистите и демократите на (веројатни) четврти избори, би можеле да останат во малцинство.

Во тој случај, во прв план би можела да исплива (уште еднаш) партијата ГЕРБ на поранешниот премир Борисов, која официјално се декларира како „вистински проевропска“.

За него се знаеше од порано дека како политичар, седи на две столчиња – меѓу Западот од каде чека европски пари за развој и Истокот од каде добиваше енергија.

Но, се смета дека тој, сепак, не е русофил – како што е претседателот на државата.

(С.Г.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе