Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Путин со нова титула – владетел на Русија?

PhotographerFromAmsterdam

Путин со нова титула – владетел на Русија?

Руската десничарска и националистичка, Либерал – демократска партија (ЛДПР) предложи Владимир Путин, наместо претседател на Русија да биде преименуван во „правител“, или преведено во – „владетел“ на Руската федерација.

Во образложението на ваквото барање се вели дека терминот „претседател“ нема никакви корени во рускиот јазик и во руската политичка традиција – пренесува руската државна агенција РИА – Новости.

„Терминот претседател, за нас во Русија секогаш делува понижувачки“ – се вели во предлог барањето на ЛДПР и при тоа се потсетува дека терминот „претседател“ се има појавено пред крајот на 18 век и тоа во САД, од каде „подоцна се има раширено низ светот“.

„Правител“ наместо претседател

Според толкувањето на оваа националистичка партија, во Русија и во руските историски стандарди, станува збор за нов термин. „Затоа, бидејќи терминот нема руски корени, треба да биде напуштен и заменет “. Во партијата сметаат дека најдоброто решение е „правител“, односно „владетел“.

Предлогот се појавува само четири месеци откако Владимир Путин нареди инвазија врз соседна Украина, покренувајќи војна во која има илјадници убиени и огромни разурнувања, при што е окупирано 20 отсто од украинската територија.

Дури и во Москва има мислење дека промената на титулата – претседател, во владетел (посебно сега) делува контрапродуктивно за Русија и за нејзината иднина на меѓународната сцена – со или без Путин во Кремљ.

Официјалниот предлог на оваа руска партија која важи за многу блиска до Кремљ и до актуелниот шеф на државата, меѓутоа, не е новина.

Кремљ без мислење

„Вечниот“ лидер на ЛДПР Владимир Жириновски кој почина во април годинава, во 2020 година, исто така, службено предложил Путин да биде именуван во „врховен владетел“ – за да се разликува од сите други лидери во светот, како и за да неговата титула биде во „духот на рускиот јазик“.

Таа година, руската Дума (Долниот дом на Парламентот) го одбил ваквиот предлог, додека од Кремљ имаат речено дека Путин “нема никакво мислење“ за преименувањето на титулата што ја носи.

Подоцна, портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков има речено дека станува збор само за предлози за кои треба да се дискутира, признавајќи дека сите се третираат како прашања за кои ќе се дискутира. Тој притоа рекол дека „секако оти некои предлози ќе се отфрлат, а дека други ќе бидат прифатени“.

Пред две години, ЛДРП на Жириновски предлагаше и Русија да биде прогласена за „земја – победник“ во Втората светска војна, а православното христијанство да се третира и службено како главната религија во Русија.

(М.Р.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе