Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Катастрофа во долината на реката По

Brasilnut

Катастрофа во долината на реката По

Италија прогласи вонредна состојба  во пет свои области, на северот од државата, поради катастрофалната суша што ја има погодена долината на реката По. Вонредна состојба е воведена во Емилија Романа, Фурланија и Јулиска Краина, Ломбардија, Пиемонт и Венето и таа ќе трае до крајот на оваа година.

Цела Италија е погодена со  необично високи температури и горештина. која оваа година започна многу порано, уште во текот на мај и јуни.

Земјата е без поголеми врнежи во текот на пролетните месеци, при што како најголема жртва на ваквата временска ситуација е целата низина по течението на По. Станува збор за криза и за суша каква не е забележана во последните 70 години.

Резервоар за вода во Италија

Експерти предупредуваат дека ваквата сушата се заканува да загрози над 30 отсто од земјоделското произвдство на Италија , а дури половина од планираните приноси и приходи во долината на реката По. За земјата, таа е најголемиот резервоар за вода , нешто како што е Нил за Египет.

Најголемиот дел од водата од оваа река- најдолгата во земјата- се користи за земјоделството за наводнување на земјодеслските површини.

Освен во реката и во долината по нејзиниот тек, сушата од долгата, сува зима и пролет ги има погодено и езерата Маџоре и Гарда, на северот од земјата, кон Швајцарија, чие ниво е под она што би требало да биде за крајот на јуни и за почетокот на јули. По на југ, во слична ситуација е и реката Тибар која тече низ Рим.

Милано без фонтани

Сушата натера низа италијански општини да прогласат вонредна ситуација и да објават воведување рестриктивни мерки.

Градот Верона, на пример, во кој живеат над 250 илјади жители, има воведено ограничување во користењето на  водата за пиење, додека градските власти во Милано, неформалната престолнина на Северот од земјата,  наредија да се запре водата во градските фонтани.

Конечно, сушата предизвикува и проблеми во снабдувањето со струја.

Сите хидроцентрали кои се лоцирани најмногу во северните делови од земјата, го имаат намалено производството. Сите тие на Италија, обично и обезбедуваат над 20 отсто од домашното производство на енергија.

„Вината“ во климатските промени

Владата во Рим на веквата ситуација реагираше со издвојување на вонредни средства за помош од 37 милиони евра, за санација н последиците од сушата, што е дел од мерките кои ќе произлезат од воведувањето вонредна состојба во споменатите пет области.

Интервентните средства се наменети за да се обезбедат нормални услови за живеење на локалното население.

Одлуката да се воведе вонредна состојба во делови од северот на Италија, доаѓа по загинувањето на седум лица , погодени од лавина по „откинувањето“ на дел од глечерот во италијанските Алпи.

Премиерот Марио Монти, во својата прва изјава по несреќата, има речено дека тоа е „секако последица на климатските промени и на загревањето на Земјата“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе