Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Трамп знаел дека демонстрантите се вооружени

PopularImages/Depositphotos.com

Трамп знаел дека демонстрантите се вооружени

Доналд Трамп знаел дека се вооружени неговите насилни и воинствени поддржувачи, што екс претседателот на САД ги повика да се соберат пред Капитол Хил, во Вашингтон и да спречат Конгресот да ја потврди изборната победа на Џо Бајден, на претседателските избори од ноември 2020 година.

Вака сведочеше поранешната советничка во Белата куќа Касида Хачисон во конгресниот Комитет што веќе една година ги истражува настаните од 6 јануари 2021 година.

Во изјавата, дадена под заклетва, таа уште потврди дека и Трамп и неговите најблиски и најдоверливи соработници, добро знаеле што може да се случи на протестите и дека може лесно да излезат од контрола и да се претворат во брутално насилство. Тоа, навистина, и се случи, а пет лица беа убиени во хаосот што ја создаде толпата собрана од разни делови на Америка.

„Не се собрани мене да ме повредат“

Но, иако тогаш се уште актуелниот претседател знаел што може да се случи, сепак, дозволил планираниот протест, сепак, да се одржи. Трамп одбил да го отповика протестот, што претходно, на митинг го најави.

Наместо тоа, на соработниците, во својот кабинет им дофрлил – „Па, тие и така не се тука собрани за да може мене да ме повредат“.

Според сведочењето на Хачисон, поранешниот претседател дури сакал и самиот да им се приклучи на демонстрантите на протестниот марш – организиран со само единствена цел – да не се дозволи вистинскиот победник на изборите да биде инаугуриран и да ја презеде претседателската функција. Односно, да се попречи демократски и легален трансфер на власта.

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, на претходна панел дискусија, го обвини бившиот претседател за обид за пуч.

Касида Хачисон е првиот сведок од редовите на Републиканската партија и од персоналот од поранешниот состав на Белата куќа кој „од внатре и од непосредна близина на Трамп“ ги следеле бурните случувања во Вашингтон. Тие за мнозинството Американци се најголемиот срам за Америка и удар за престижот на американската демократија.

Обид за пуч

Станува збор за – како што се вели – мрачните моменти од американската историја – кога поразениот на изборите претседател не сакаше да ја напушти функцијата, лажно и без никаков доказ тврдеше дека „изботе се фалсификувани“ и дека тој е победникот, па дека затоа „нема намера да ја напушти Белата куќа“.

Хачисон, инаку беше една од главните советници на тогашниот шеф на кабинетот на Трамп и на Белата куќа, Марк Медоус, за кого сведокот рекла дека добро знаел што може да се случи на Капитол Хил.

Трамп, пред да си замине од функцијата, го има помилувано – однапред Медоус – за било какво обвинување за времето додека има работено со него како претседател.

Хачисон реагирала уште еднаш во текот на сослушувањето, спротивставувајќи му се на бившиот шеф, околу изјавата на Трамп за потпретседателот Мајк Пенс. Таа потврди дека кога толпата почнала да извикува – „Пенс на бесилка“ – Доналд Трамп рекол – „Тие добро знаат што треба да се направи“!

(В.А.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе