Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Американската „Мадам“ осудена на 20 години затвор

Американската „Мадам“ осудена на 20 години затвор

Гислејн Максвел (60), позната како „американската Мадам“ во најголемата досега педофилска афера во САД, беше осудена од судот во Њујорк на 2о години затвор. Таа во декември беше прогласена виновна затоа што му помагала на некогашниот американски милијардер Џефри Епстајн во сексуалното насилство, извршено врз неколку млади девојки.

На судењето беше докажано дека била вклучена во ангажирањето и за шверцот на постари тинејџерки, за пружање „сексуални услуги“ на Епстајн кој во тоа време и бил животен партнер на Максвел, но и на други влијателни и богати, возрасни клиенти.

Сите девојки што ги има ангажирано Максвел биле на возраст под 18 години. За својата улога во аферата, медиумите во САД ја нарекуваат – „Мадам“ – како што се нарекуваат дамите кои управуваат со бордели и јавни куќи.

Најголема педофилска афера

Една од нејзините жртви – тогаш се уште неполнолетна, а сега возрасна жена – им изјавила на медиумите во Њујорк дека Максвел би требало да биде осудена на максималната казна (55 години) и до крајот од животот да остане во затвор.

Џефри Епстајн се самоуби во својата затворска ќелија во затворот во Њујорк, во 2019 година, додека очекуваше да почне судскиот процес во кој требаше да биде главен обвинет. Обвинителството го товареше за педофилија, за силување и за шверц на млади девојки и малолетнички, за да бидат користени како сексуални робинки.

Улогата на „Мадам“ во криминалната работа на Епстајн, осудената Максвел ја има извршувано десет години – од 1994 до 2004 година, кога вршела селекција која малолетна девојка ќе биде ангажирана “за работа“, но и за тоа која, кому од бројните клиенти ќе му биде испорачана – за сексуална услуга.

Самоубиството на Епстајн, човекот што го има создадено овој педофилски, сексуален, криминален круг, како и сегашното осудување на Максвел претставува затворање на оваа афера, каква, според американските медиуми, никогаш порано се нема случено.

Принцот Ендрју и аферата Епстајн

Гислејн Максвел која е Британка и е ќерка на некогашниот контроверзен британски медиумски тајкун Роберт Максвел, кој почина под мистериозни околности, на својата јахта покрај шпанскиот брег – бараше затворската казна да ја издржува во Британија. Но, нејзиното барање беше отфрлено уште додека траеше судењето.

Во оваа афера, настрада и британскиот принц Ендрју, вториот син на кралицата Елизабета, откако една од „женските“ на Епстајн и Максвел, го обвини за тоа дека имал секс со неа, а знаел дека таа (тогаш) имала 17 години.

Принцот долго време ги отфрлаше нејзините обвинувања, дури тврдејќи дека не ја познава, иако постои фотографија на која Ендрју е снимен со девојката и со Максвел, во станот на Епстајн во Лондон.

На крајот прифати вонсудско порамнување – за износ кој не беше објавен. Неговата мајка – кралицата Елизабета, веднаш после тоа му ги одзеде сите кралски одликувања и позиции и забрани тој јавно да се појавува со кралското семејство.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе