Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Хрватска во еврозоната од 1 јануари

viperagp/Depositphotos.com

Хрватска во еврозоната од 1 јануари

Европската комисија (ЕК) во својот најнов извештај соопшти дека Хрватска е подготвена – од 1 јануари следната 2023 година – да влезе во еврозоната и да го воведе еврото како единствено, официјално платежно средство во државата.

Извршниот потпретседател на ЕК за економија Валдис Домбровскис за хрватските медиуми изјави дека станува збор за „историско постигнување“ на Хрватска која само девет години членка на ЕУ.

Но, анкетите направени меѓу хрватските граѓани покажуваат дека големо мнозинство од нив стравува дека воведувањето на еврото ќе предизвика голем скок на цените и дека ќе го влоши стандардот на луѓето.

Засилување на економијата

Владата во Загреб веќе најави дека внимателно ќе ја следи конверзијата од сегашната хрватска куна во еврото, посебно кога станува збор на цените, додека Домбровскис тврди дека токму еврото, иако влезот на Хрватска се случува во време на инфлација и на криза, ќе помогне за одржување на стабилноста на цените.

Овој европски функционер инсистира дека сегашната состојба во економијата на еврозоната не е последица на криза во зоната на единствената валута, туку е последица од долгата, 2,5 годишна пандемија со коронавирусот и од војната во Украина, предизвикана со руската инвазија. Токму руската агресија предизвика скок на цените на енергијата и на храната.

Во групата земји кои претендираат да бидат дел од еврозоната, покрај Хрватска се и Чешка, Полска и Унгарија, како и Романија, но и Шведска и Бугарија. Засега, само Хрватска ги има исполнето сите критериуми.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, затоа, има речено дека Хрватска има направено „исклучителен чекор напред“, порачувајќи дека еврото ќе помогне за засилување на хрватската економија.

Национализам, наместо еврозоната

Република Хрватска е членка на ЕУ од јули 2013 година. Заедно со неа во пакетот за влез во зоната на еврото беше и Бугарија, која во Унијата е од јануари 2007 година.

Но, за разлика од владата во Загреб, онаа во Софија, наместо кон унапредувањето на домашната економија – која инаку е на најниско ниво во ЕУ – се определи за свртување кон стариот, тврд национализам, што се употребува за популистички потреби и кон русофилството од времето на комунизмот.

Оптоварена со силна корупција, злоупотребувајќи ги и парите од европските фондови, Бугарија со години назадува, или во најдобар случај стагнира во својот развој. Во таа своја заложба за националистичката кауза, наместо за исполнување на потребните критериуми, Софија рано отпадна од трката за влез во зоната на еврото, иако и таа имаше рок како и Хрватска – 1 јануари 2023 година.

Во пакет со Хрватска беше и Македонија – кога стануваше збор за влез во ЕУ и тоа ќе се случеше доколку македонските гласачи, во јули 2006 година, наместо за дотогашната проевропска влада, која беше подготвена да направи договори со Грција и со Бугарија (која тогаш уште не беше во ЕУ), се определија за вмровската националистичка, анти – западна и антиевропска опција.

Македонија остана заробена

Практично, наместо кон Запад, гласачите – кои свесни за тоа, а кои измамени и самобендисани – гласаа за опција која значеше свртување на земјата кон Исток, каде Македонија не припаѓаше ни во времето на социјалистичка Југославија. И, за прв пат во историјата, вмровците ја внесоа Русија, која така, покрај во Србија се смести и во Македонија.

Наместо развој (за оние кои „заборавија“ да се потсетиме) – понудија лажен патриотизам, омраза кон соседите, блокада на сите европски процеси и ја изолираа земјата и од Европа и од регионот, претворајќи ја во земја на еден деспот и на неговата „нова класа“ во бизнисот, во политиката и во општеството.

Македонија стана заробена држава, корумпирана и претворена во приватна фирма на деспотот – и на вмровците од неговото најблиско семејство и на послушниците околу него.

Кога требаше да одговара за злосторството направено кон сопствената држава, корумпираниот деспотот побегна за да не оди во затвор – за направените криминали.

Блокади на антиевропските русофили

Македонија ја остави да биде полузаробена и со новата проевропска власт, преку создадениот систем на клептократија и на купеното (и уценето) гласачко тело, направен од поранешната власт. Па, сега заеднички се обидуваат да се врати соборениот криминален режим – со истите уличарски методи и со блокадите што се прават против актуелната влада во Парламентот и на улиците.

Вмровската антиевропска врхушка, предводена од истиот, избеган криминален лидер – се обидува уште еднаш да и го наметне на Македонија хаосот што го правеше во летото 2006 година, само за да дојдат на власт.

Во време додека Европа се наоѓа во најголемата безбедносна и економска криза по Втората светска војна, поради руската инвазија врз Украина, која скопските вмровци ја бранат и ја подржуваат. Во време кога Хрватска отиде толку далеку пред Македонија на европскиот пат, што Скопје, инаку, го напушти во 2006 и остана надвор од него до јуни 2017 година.

(С.Г.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе