Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Турција го менува своето име

seqoya/depositphotos.com

Турција го менува своето име

Турција официјално го менува името на државата и за тоа прво ја извести  меѓународната јавност, а потоа и Обединетите нации .

Според  турските медиуми, ОН го одобриле барањето на Анкара – на странски јазици земјата да се нарекува различно од тоа како се нарекуваше досега. Турција побара и доби согласност- од сега, па во иднина да се нарекува само – Туркие.

Во соопштението на Светската организација се  вели генералниот секретар Антонио Гутереш добил и службено известување за новото именување на Турција, од турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу . Менувањето на името на земјата стапува во сила веднаш, по приемот на писмото за одлуката на властите во Анкара.

Без валидно објаснување

Тоа значи дека новото име Туркие (Turkiye) од сега ќе се користи на сите меѓународни форуми и во сите официјални документи во кои досега – на англиски, француски, германски или било кој странски јазик се користеа имињата како Т’рки, Туркие или во тој стил. На македонски јазик оваа земја се нарекува Турција.

Нема некое појасно и поприфаливо објаснување зашто Анкара се определи САМАТА да го менува името на државата, без никој тоа од неа да го бара, како и зашто тоа се случува токму сега, во една крајно напрегната меѓународна безбедносна и политичка воена ситуција, уште и со војна во турското соседство.

Дел од европската јавност, како и опозициските лидери кои се охрабруваат да реагираат на одлуки кои се носат со претседателскли декрет, сметаа дека станува збор за нов хир на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, за кого се тврди дека има прилично ослабена позиција- по економско-финансисите проблеми кои подолго време ја потресуваат турската економија- пред и Русија да покрене војна во Украина.

„Навредливо име“

Формалното објаснување е дека менувањето на името на државата (за странство) била одлучена во рамките на настојувањето на власта за „ зголемување на престижот на државата во меѓународната арена„.

Нема никакво објаснување како и зошто тој престиж бил нарушен, како што нема ниту докази дека Турција навистина има толку многу „нарушен престиж“ па треба да се појави во светот со ново име.

Претходно, некои домашни медиуми јавуваа дека промената на името е направено затоа што досегашното име на земјата- на англиски јазик- било „навредливо за Турција и за Турците“. Објаснувањето беше дека англиското име Турки на англиски јазик значи и – „една голема птица, со потекло од Северна Америка“. Станува збор за мисирка.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе