Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Шангај четири недели во суров локдаун

anilbolukbas/Depositphotos.com

Шангај четири недели во суров локдаун

Кинеските власти продолжуваат со својата стратегија на „нулта-корона“ со која (засега) најтешко е погоден најголемиот град-Шангај.

Неговите 25 милиони жители остануваат во локдаун и после четири недели „сурови епидемиолошки мерки“ какви нема ниаде на друго мето во светот.

Луѓето не смеат да излезат од дома, од своите станови во големите блокови кои некаде се оградени си висока ограда од метални жици, или имаат блокирани влезови и излези на станбените згради во кои живеат.

Претепување на улица

За момент изгледаше дека жителите на овој град, поголем  од повеќето европски држави ќе може малку да се ослободат од строгиот карантин, откако светот разбра за силниот отпор на луѓето против суровите мерки.

Сликите со гневните врисоци на жителте од високите станбени блокови, потоа од  апсењата на оние кои не се придржуваат на локдаунот и од претепувањата што ги спроведуваат чуварите на карантинот,  среде улица, врз  оние  кои се обвинуваат дека им се спротивставуваат  на властите, го обиколија светот.

Луѓето, тогаш,  за момент имаат поверувано дека блокадата на нивните домови ќе попушти, но надежта исчезнала  кога беше откриено дека пандемијата со коронавирусот се вратила во Пекинг, иако никој не знае за колкав точен  број на новозаразени станува збор.

Неуспех на „нулта стратегијата“

Странски експерти проценуваат дека за вакви сурови мерки би требало бројот на имунизираните да е исклучително голем. Кинеските, пак, уверуваат дека станува збор за политиката за искоренување на вирусот низ строги крантински мерки , за да се дојде до посакуваната цел – „ниту еден заразен од корона“.

Тоа, засега, не успева и покрај суровиот локдаун во Шангај.

Веста за зголемување на бројот на новозаразени во кинескиот главен град, меѓутоа, има предизвикано паника кај тамошното население кое стравувајќи од „шангајските мерки“ тргнало во масовно создавање залихи од храна.

Постојани заолжителни тестирања

Во меѓувреме, и во двата града, луѓе во долги редови чекаат да бидат тестирани , што во Шангај е задолжително и се прави постојно.

Забраната за движење и натаму предизвикува револт кај добар дел од населението на овој огромен град, иако властите со своите строги полициски методи, се смета дека го имаат задушено силното незадоволство , барем да не  излезе од контрола.

Освен тоа, властите сега уверуваат дека поставената политичка цел- да нема заразени и болни од короната во Шангај , сега изгледа ќе се сведе на определени градски реаони, а не на целиот град.

Нејасно што навистин се случува

Сепак, засега, нема навестување до кога Кинезите во вој мега-полис ќе живеат во помалку суров локдаун и со помалку остри епидемиолошки мерки.

Она што ја револтира јавноста е тоа што никој точно и не знае каква е вистинската состојба, како и  тоа на кој начин вирусот се врати во државата која прва се пофали со „победа“ врз коронта.

Тоа се правеше во деновите пред зимската Олимпијада кога кинските власти објавуваа слики и од Вухан, градот од каде вирусот тргна низ светот, како местото каде короната е поразена и каде се тргнати сите заштитни мерки и ограничуваа.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе