Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Гари Каспаров: Путин е како Сталин

olegkozyrev/Depositphotos.com

Гари Каспаров: Путин е како Сталин

Шаховскиот велемајстор и некогашен светски првак во шах, Гари Каспаров изјави дека руската инвазија врз Украина и сите човечки страдања, бројни жртви и разурнувања, што агресијата ги има направено, за него не претставуваат изненадување.

Во интервју за една бугарска ТВ станица, Каспаров рекол дека со години на ред предвидувал и очекувал руски напад врз украинската територија и едно вакво решение на Владимир Путин.

„Не се сомневав дека Путин во еден момент ќе се обиде да го реши „украинското прашање“, или како тој тоа го нарекува – украинскиот проблем – затоа што за него Украина е истото она што за Сталин, пред многу години, беше Полска“ – има речено Каспаров.

Шаховскиот гениј, како што го нарекуваа на врвот од славата, уште од втората половина на осумдесеттите години на 20 век, се префрли на политичкото дејствување во тогашниот Советски Сојуз, залагајќи се за реформи и за демократија.

Според неговото мислење, една ваква Украина, каква што таа се уреди во изминатата деценија, преставуваше пречка за путиновите геополитички амбиции.

Инвазијата, за Каспаров не е изненадување, затоа што Путин, во сите свои 22 години на власт, никогаш и во ниту еден момент ја нема третирано Украина како независна и суверена држава.

Рускиот претседател, колку за потсетување, минатиот месец, отворено го негираше и украинскиот национален идентитет, обвинувајќи ги дури и водачот на Октомвриската револуција Ленин и некогашниот генерален секретар на КПСС Никита Хрушчов, советски лидер во шеесеттите години на 20 век, дека „создале “Украина и Украинци, за сметка на Русија и Русите.

„За мене, затоа, беше само прашање на време и на моментот, кога Путин ќе ја грабне приликата за да тргне во освојување на Украина“ – изјави Гари Каспаров.

Многу брзо, откако Путин се зацврсна на власта и почна да владее авторитарно со својата земја, Каспаров беше означен како противник на власта и “политички дисидент“.

Иако нема партија, а не се знае ниту дали е дел од некоја од руските политички групации. во една прилика тој беше приведен во Москва и уапсен, затоа што – од страна – ги посматрал протестите на путиновите политички противници. Беше уапсен само затоа што се нашол на протест за кој московските власти немале издадено одобрение.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе