Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

ЕУ санкции и за зетот на Лавров

Marathon Group, Vinokurovas, CC BY-SA 3.0

ЕУ санкции и за зетот на Лавров

Европската унија објави список на нови санкции со уште 106 руски државјани, меѓу кои се наоѓаат неколкумина од олигарсите, врз кои се потпира власта во Русија, но и на познати бизнисмени кои се сосема блиску до Кремљ. На овој нов, проширен список на санкционирани лица, што е направен како одговор на бруталната руска инвазија врз Украина, се наоѓа и Александар Винокуров кој е во брак со ќерката на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

За Лавров кој е 18 години шеф на дипломатијата која ја има создадено Владимир Путин се вели дека е еден од најлојалните соработници и сојузници на рускиот претседател. Тој е дел од групата на т.н. „Осуммина страшни“ кои се верува дека имаат учествувано во креирањето на стратегијата за покорување на Украина и за покренување на агресијата.

Молневит бизнис успех

Неговиот зет Винокуров, затоа е на списокот на санкционираните, што значи дека покрај него не ќе може слободно да патува и да се движи низ Европа, но и низ светот и ќерката на министерот која, инаку, има живеено на Запад, каде се има и школувано.

Винокуров е познат руски бизнисмен и сопственик на компанијата „Маратон Груп“, но е еден од најголемите акционери на водечкиот руски малопродажен синџир „Магнит“.

После школувањето на Запад, Винокуров во Русија се има вратено како потпретседател на компанијата ТПГ “Капитал“, во тоа време најголема приватна компанија во светот за капитални вложувања. Но, во годините потоа, велат дека има постигнат мошне брз успех во светот на бизнисот, што се поврзува и со неговата роднинска блискост со еден од водечките руски политичари од најтесниот круг на Путин.

Во 2017 година го почнува бизнисот со „Маратон Груп“, компанија која ја има формирано со Сергеј Захаров. Нејзината бизнис ориентација е насочена кон стратешки вложувања во малопродажбата, во инфраструктурата со дополнителен развој на имотот. Но, таа за само неполни пет години се најде при врвот во својот сектор.

Во бракот со Екатерина Лаврова, има три деца.

Абрамович, Дерипаска и Милер

Во исто време, кога ЕУ го има санкционирано зетот на Лавров, но и директорот на руската авио – компанија „Аерофлот“ кој освен тоа е познат и како успешен бизнисмен и милијардер, Велика Британија го прошири списокот на санкционирани олигарси и челници на најголемите руски државни компании, со најголема доверба кај Путин.

На тој список, овој пат се најдоа и Роман Абрамович и Олег Дерипаска за кои британските власти веруваат дека се сосема блиску до Кремљ. Тоа посебно се однесува за Дерипаска за кого Американците имаат сознанија дека бил вмешан и во „руската врска“ околу изборната победа на Доналд Трамп, затоа што и Русинот и сега, бившиот претседател имале еден ист адвокат и советник – Манафорт кој заврши во затвор.

Покрај овие двајца олигарси, на британскиот список се и и Игор Сечин, кој важи са мошне близок на рускиот претседател, потоа Андреј Костин првиот човек на руската банка ВТБ, како и Алексеј Милер, претседател на ИО на „Газпром“ за кого се вели дека (практично) е руски министер за енергија.

На британскиот проширен список се и Николај Токарев, претседател на државната компанија за гас „Трансњефт“ и Дмитри Лебедев, претседател на ИО на банката Русија.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе