Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Русија нуди преговори за капитулација

Русија нуди преговори за капитулација

Официјална Москва веќе сега, на почетокот од руската инвазија врз територијата на Украина, им нуди на Украинците преговори за капитулација на украинската војска.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјавил дека руската страна е подготвена веднаш да разговара за капитулирањето и притоа рекол дека она што го бара од Киев е целосното разоружување на Украина и прогласувањето неутрален статус – што ќе рече – повлекување од украинската определба за влез во НАТО.

Односно, да го исполни она што на рускиот претседател му служеше како изговор за да покрене војна во Европа, да ја предизвика најголема безбедносна криза на Стариот континент по завршувањето на Втората светска војна и да ја задоволи својата дамнешна амбиција- да го ревитализира поранешниот Советски Сојуз – под друго име.

„Доколку властите во Киев се согласат со ваквите руски услови, инвазијата врз Украина веднаш ќе престане“- рекол портпаролот на Владимир Путин.

„Демилитаризација и денацификација“

Според странски агенции, Песков изјавил дека Путин е подготвен и за средба со украинскиот претседател Володмир  Зеленски,  објаснувајќи дека во една таква, евентуална средба, би станало збор за барањата на Москва за гаранции за неутралниот украински статус и за „ветувањето дека на територијата на Украина нема да се инсталира оружје“.

„Тоа би овозможило да се обезбеди  демилитаризација ( на земјата) и денацификација на Украина“- рекол путиновиот портпарол , повторувајќи го измисленото обвинување- директно упатенио кон Зеленски – дека спроведувал „геноцид и нацизам во Донбас“, па затоа Путин морал да покрене инвазија со околу 200 илјади руски војници- за да го принуди украинскиот претседател на капитулација и на тргање од власта.

За Путин, украинската „милитаризација“, како и применетиот „нацизам“ биле „закана за безбедноста на Русија (!?) и за руското население“- се мисли на оние во Донбас, освоени од руската војска уште пред осум години , од кога владата во Киев таму нема никаква контрола.

Диктат на Путин

„Претседателот (Путин) има формулирано своја визија што што тој очекува од Украина , за да се надминат и решат сегашните жешки проблеми. Тоа е пред се, неутрален статус на земјата и нејзино одбивање да се инсталираат  и да се употребуваат оружени ( ракетни) системи“ – изјави Песков.

Тој, притоа, нема објаснето  дека Украина не е членка на НАТО, дека освен амбицијата да биде дел од организацијата, таа нема поднесено барање за членство и за него Алијансата никогаш нема расправано. За да , згора на се, на украинска територија киевските власти, или Западот,  инсталираат ракетни системи кои би ја имале за цел да се нападне  Москва од територијата на Украина.

Зад ваквата понуда за капитулација, сепак, нема определба за мирно решавање на конфликтот, што го замисли и го започна Русија, туку станува збор за диктат на Путин , затоа што неговиот портпарол и не сокрива дека „само рускиот претседател ќе определи кога преговорите ( за предавање) би можеле да се одржат“.

Од Киев се бара да покаже спремност- за да го запре военото спротивставување на руската инвазија.

Русите одново во Чернобил

Зборувајќи во името на рускиот претседател, Песков кој со Путин е веќе 20 години, има речено дека „операцијата, како ја нарекува инвазијата, има свои цели и тие Русија мора да ги исполни“. Најважната, очигледно е Киев да капитулира, а Зеленски да отстапи од функцијата и да се откаже од давањето отпор на руската војска, затоа што Песков  рекол дека „доколку украинското раководство ги прифати условите на Путин“- воените операции веднаш ќе престанат- односно, во тој случај  ќе бидат исполнети целите на војната што Москва и ја наметна на својата сосетка.

Нема сознанија како реагирале во Киев на ова руско барање, но ситуацијата на теренот покажува дека (засега) борбите се разгоруваат иако , како што моѓеше да се очекува, руската војска е во предност и напредува на сите фронтови.

Се тврди дека таа го има освоено регионот околу „зацементираната“ атомска централа „Чернобил“ , што е на патот на напредувањето на Русите од Белорусија кон Киев. Се  тврди дека руската војска, со силна тенковска подршка веќе е во предградијата на украинскиот главен град, на само 10 километри од зградата на украинскиот Парламент.

„Отпорот продолжува“

Во пследното обраќање на Зеленски до јавноста тој самоуверено најави дека отпорот продолжува , притоа инсистирајќи дека Украина се брани и се бори сама, замерајќи и на меѓународната јавност и алудирајќи на САД дека  „мирно гледа“ што се случува. За него- острите санкции против режимот во Русија- не се доволни.

Украинската страна тврди дека досега има соборено пет руски авиони и еден хеликоптер, каико дека се убиени над 400 руски војници, додека Украинците имаат околу 200 загинати војници и цивили.

Овие податоци не може да се потврдат, но украинскиот претседател веќе предупеди дека целта на рускиот напад е неговата елиминација, отфрлајќи ги како „смешни обвинувања“ тврдењата на Путин и на Москва дека била спроведувана „нацистичка политика“ во Источна Украина.

„Смешно е тоа, јас како Евреин, чие семејство било жртва на нацизмот и на холокаустот, да спроведувам нацистичка политика“ – има речено Зеленски.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе