Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Себастијан Курц оди во пензија

Ale_Mi/Depositphotos.com

Себастијан Курц оди во пензија

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц објави дека одлучил целосно да се повлече од политиката и да се пензионира – на само 35 годишна возраст.

На средбата со домашните медиуми, тој изјави дека е благодарен што имал можност десет години да дејствува во австриската политика и – како што има речено – да и служи на Австрија.

Така, од најмладиот министер за надворешни работи во Европа, па преку најмладиот европски канцелар (премиер) тој завршува како најмладиот „стар“ канцелар – или како Австријците велат – Altkanzler.

Два пати канцелар

Во своето обраќање Курц има речено дека „политиката веќе сега за него ја има загубено целата смисла, затоа што во последните месеци – “повеќе не се работеше за идеи и за решенија, туку исклучиво за одбрана од обвинувањата и за обично прогонување“.

Тој признава дека има направено и грешки во текот на своето работење како политичар на функција, но рекол дека – не е светец, ама дека во никој случај не е никаков престапник, „Се радувам на денот кога пред судот ќе докаже дека сите обвинувања против него се неосновани“.

Себастијан Курц беше канцелар на два пати, во два мандати кои беа прекинати во ситуација на скандали и афери. Прв пат беше од декември 2017 до мај 2019 година, а потоа од јануари 2020 до октомври оваа 2021 година.

Прекинати мандати

Во првиот случај, владата падна по избувнувањето на корупцискиот скандал со лидерот на Слободарската партија Кристијан Штрахе, што тогаш беше во коалиција со десноцентристичката партија на Курц, кој беше фатен, како во изнајмена вила во Шпанија, тајно преговара со „руска бизнисменка“ да вложи пари за купување на стариот виенски весник „Кронен Цајтунг“, за да потоа и служи на Слободарската, крајно десничарска партија, за подигнување на нејзиниот рејтинг.

Оваа пролет, меѓутоа, обвинителството покрена истрага и за тогашниот канцелар Курц и за луѓето од неговата најблиска политичка околина. Поднесе оставка на канцеларската функција и остана само пратеник и лидер на партијата.

Според австриските медиуми и покрај ваквата политичка разврска, правосудните органи немаат некои цврсти докази дека Курц во било што криминално е замешан во новиот скандал и дека тој (најверојатно) на судот ќе биде ослободен.

На новинарите им рекол дека неодамнешното раѓање на неговиот син, прво дете во бракот, му има дадено нова смисла на животот и дека тоа само ја забрзало одлуката да си замине од политиката, во која – сега е сигурно – има влезено премногу млад, на само 25 години.

Австрија со нов лидер и премиер

На неговото парламентарно место – шеф на конзервативната фракција – Курц ќе биде наследен од министерот за внатрешни работи Карл Нехамер.

Но, кризата во австриската политика тука не завршува, затоа што заминувањето во пензија на Курц, како и доаѓањето на нов човек на неговото место – лидер на партијата – го доведува во прашање местото на актуелниот канцелар Александер Шаланберг. Кога веќе тој не е поставен за лидер, тогаш според австриската традиција, малку е веројатно да биде само канцелар, па Шаленберг веќе најави повлекување од функцијата.

Неговата оставка би требало да значи паѓање на владата и нови, предвремени избори. Но, избори не сака никој во сега владејачката коалиција, а тоа не го сака ниту австриската опозиција, па кога Нехамер ќе биде и официјално избран за партиски лидер (како што се очекува) – тој автоматски ќе стане новиот канцелар на Австрија.

А, Себастијан Курц, како што се најавува политиката ќе ја замени со вработување во високиот бизнис.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе