Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Елтон Џон со кралско одликување

palinchak/Depositphotos.com

Елтон Џон со кралско одликување

Прославната англиска поп ѕвезда Елтон Џон е одликуван со ретко британско кралско одликување, како награда за неговата 50 годишна музичка кариера и за хуманитарната работа во борбата против Сидата.

Во средата, на 10 октомври, во кралскиот дворец во Виндзор, во околината на Лондон, Елтон Џон (74) од престолонаследникот, принцот Чарлс, го прими високото одликување што му го додели кралицата Елизабета. Станува збор за одликување што е ограничено, затоа што може да го примат само 65 лица.

Пред него, ова кралско одликување го имаат добиено и ликовниот сликар Дејвид Хокни, актерката Џуди Денч, музичарот Пол Макартни и писателката Џ.К.Роулинг, авторката на серијата романи за Хари Потер.

Одликувањето му се доделува во време кога Елтон Џон, заедно со младата Дуа Липа, после цели 16 години, одново е на првото место на британската поп – листа, со ремикс на хитот „Cold Heart”.

Елтон е еден од најпродаваните британски музички ѕвезди на сите времиња, со цела низа големи, светски хитови кои и по повеќе од 30 – 40 години од нивното појавување, се уште се и слушани и популарни, дури и меѓу генерациите кои не биле ниту родени кога хитовите се создавани.

За вкупните постигнувања во музиката, веќе е одликуван од кралицата Елизабета уште во 1998 година, кога е прогласен за витез на британската империја и стана носител на титулата – сер.

Тој е познат и како хуманитарен активист кој има собрано милиони фунти за борба со се уште до крај несовладаната болест АИДС (Сида). Во деведесеттите години на 20 век, има создадено и посебна фондација за финансирање на борбата со болеста која го носи неговото име.

На свеченото врачување на одликувањето, Елтон Џон беше заедно со својот животен партнер – Дејвид Фарниш – со кого е во истополов брак, придржувајќи се на бастум. Во септември пејачот ја откажа планираната турнеја низ Европа, поради проблеми со колкот.

Претходно тој силно застана во одбрана на правата на бројните музичари и пејачи кои (практично) останаа без работа поради глобалната пандемија која се оддолжи на цели две години, но и поради проблемите во организирањето концерти и турнеи низ земјите на ЕУ, создадени по британскиот Брегзит.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе