Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Најпосле премиера на најновиот Џејмс Бонд

360ber/Depositphotos.com

Најпосле премиера на најновиот Џејмс Бонд

Најновиот филм за британскиот таен агент Џејмс Бонд „No Time to Die” (Не е време за умирање), најпосле, беше премиерно прикажан на гала свеченост во Лондон, каква немало во последните две години.

Поради глобалната пандемија со коронавирусот, светската премиера се одлагаше на два пати и се одржа после повеќе од 18 месеци од првично определениот и најавуван термин. На проекцијата во лондонскиот Ројал Алберт Хол, меѓу бројните актери и гости присуствуваа и британскиот престолонаследник, принцот Чарлс, со сопругата, како и војводата и војвотката од Кембриџ – Вилијам и Кејт.

„Време е да се тргне понатаму“

Централна личност на премиерата беше актерот Даниел Крајг, кому ова му беше пети филм во кој го толкува ликот на Бонд, но во исто време и негов последен. Уште пред да се сними „Не е време за умирање“ тој соопшти дека решил да се повлече.

Во изјавата за лондонските медиуми Крејг рекол дека „улогата на Бонд била многу важна и за кинематографијата и за историјата (што ја прави овој серијал филмови, започнат уште во шеесеттите години на 20 век), како и дека целиот товар паднал врз неговите плеќи.

“Имав голема среќа што токму мене ме одбраа да бидам еден од толкувачите на ликот на Џејмс Бонд“ – рекол Крејг, изразувајќи надеж дека ова, најново филмско издание за тајниот агент, ќе ги врати гледачите во кино салите.

Актерот признал дека гледањето на филмот го прави и помалку тажен, затоа што повеќе нема да се појавува како Бонд, лик и улога која го направија познат и славен низ целиот свет. Сепак, смета дека е дојдено „време (за него) да се тргне понатаму “.

Бонд останува машки лик

Продуцентите на филмовите за Бонд засега не навестуваат кој би можел да се појави како замена за Даниел Крејг.

Во медиумите веќе се лицитира со актери кои би можеле да се појават како идниот Бонд. Дури има предлози тоа да биде и некоја актерка. Но, продуцентката Барбара Броколи изјави дека нема воопшто да се размислува за наследникот, се до идната година.

„Нека Даниел (Крејг) има свој момент на слава како Џејмс Бонд“ – изјавила Броколи.

Таа претходно зборуваше и за предлозите за женски Бонд, објаснувајќи притоа дека сето тоа наизглед не е лошо, меѓутоа, во таа прилика Броколи ја отфрлила идејата. „Бонд е машки лик и така ќе остане и понатаму“ – има речено продуцентката на филмовите за британскиот таен агент.

Филмот за кој некои лондонски критичари велат дека вредело да се чека толку долго, ќе почне да се прикажува од 30 септември. Досега, во предпродажба, со резервации се купени над 175 илјади кино влезници.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе