Поврзете се со нас

Skopje Global

Култура

Крузерите забранети во Венеција

nycruss/Depositphotos.com

Крузерите забранети во Венеција

Италијанската влада соопшти дека од 1 август се забранува впловување на големите бродови – крузери во центарот на Венеција.

Градот подигнат во каливата јадранска лагуна, урбанистичко и уметничко ремек – дело на европската ренесанса, со годни на ред се наоѓа на листата на светското културно наследство на УНЕСКО, но сега се соочува со заканата да биде ставен на списокот на градови и локации кои се означуваат како „загрозено културно наследство“.

Спасување на градот и лагуната

Италијанскиот премиер Марио Драги го означи решението на владата во Рим како „важна етапа за зачувувањето на Венеција и на венецијанската лагуна“, затоа што со децении се загрозени од постојаниот наплив на големите бродови што сега носат и по три – четири илјади луѓе – туристи – одеднаш.

Тоа предизвикува овој италијански град, во кој постојано живеат околу 150 илјади жители, секоја година да го посетуваат по над 12 милиони туристи и гости.

Активисти и организации во борбата за заштита на човековата околина, долги години се борат за сочувувањето на Венеција, од постојаниот раст на туристите (кои инаку носат пари и приход за градот) и посебно од големите бродови.

Загрозен еко-систем

Тие го загрозуваат еко – системот во лагуната во која лежи градот, но претставуваат и закана за темелите на кои е поставен центарот на Венеција, што велат, секогаш потреперува од моќните мотори на крузерите, кога минуваат покрај историскиот плоштад Свети Марко и бројните палати на него и покрај него.

Остра расправа беше покрената минатиот месец, кога после пауза од 1,5 години, поради пандемијата со коронавирусот, крузерите е вратија во водите на Венеција и во центарот на градот, но беа пречекани со протести на луѓе во чамци, кои настојуваа да го попречат пловењето на првиот од големите бродови.

Со одлуката на италијанската влада, бродови со повеќе од 25 илјади тони бруто тежина, подолги од 180 метри и повисоки од 35 метри, нема повеќе да можат да пристануваат кај Свети Марко, да пловат по каналот Свети Мрко и по соседниот Џудано, по кои обично минуваат. Особено, ако емисијата на сумпор од бродовите е над 0,1 отсто.

Мерка по итна постапка

После 1 август бродовите – крузери ќе мора да пристануваат во индустриското пристаниште на градот, каде ќе биде поставена целата потребна инфраструктура. До центарот на Венеција ќе може да допловат само мали крузери, на кои нема повеќе од 200 патници.

Министерството за култура во Рим призна дека италијанската влада не би сакала Венеција да се најде на листата на градовите со загрозено културно наследство.

Владината одлука е донесена по итна постапка, откако стана јасно дека УНЕСКО (како предупредување) ја стави Венеција (со уште над шеесетина други локации) во редот на потенцијално загрозено културно наследство.

Специјалниот комитет на УНЕСКО за светско наследство треба да одлучува за ова и за тоа кој ќ биде третиран како загрозен локалитет – на специјалната сесија во Кина, од 16 до 31 јули.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Култура

Горе