Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Враќањето на крузерите пречекано со протести

[email protected]

Враќањето на крузерите пречекано со протести

 

Жители на Венеција, во мали бротчиња и чамци, носејќи транспаренти на кои пишуваше „Не“ – со протести – го пречекаа влегувањето на првиот брод-крузер во овој италијански град, сместен во водите на Јадранско Море, после пауза од петнаесетина месеци, поради пандемијата со коронавирусот.

Демонстрантите, сите активисти на разни еколошки организации, се против тоа големите бродови да пловат во непосредна близина на градското јадро на овој град – музеј, објаснувајќи го протестот како „одбрана на Венеција“ и како „битка за нејзиниот опстанок“.

Забранет влез

Во март оваа година, под силен притисок и лобирање на еколозите, Венеција забрани влез на големи бродови, вклучувајќи и крузери и бродови – контејнери, за да се заштитат водите околу градот и оние во каналите од загадување. Но и за да се спречи – како што велат еколозите – подводната ерозија која, пак, може да ја поремети стабилноста на моќните дрвени столбови, поставени во каливото дно, врз кои се потпира градот.

Забраната, меѓутоа, ќе стапи во сила тогаш кога ќе биде изграден новиот терминал – што сега се уште се гради. Кога ќе биде изграден и даден во употреба, терминалот ќе овозможи крузерите и другите големи бродови, да пловат по нова бродска траса, заобиколувајќи го градското јадро.

Додека еколозите и оние кои ги подржуваат протестираа, другите жители на Венеција се спротивставуваат на ваквите протести и се залагаат крузерите и натаму да доаѓаат, несогласувајќи се и со донесената забрана.

Контра став на бизнисот

Тие тргнуваат од тоа дека крузерите кои со себе носат по три – четири и повеќе илјади туристи – одеднаш – практично, носат пари за градот, а пред се, промет за локалниот бизнис и за сите услужни дејности кои зависат од туризмот и од туристите. Особено што зголемувањето на прометот значи зголемување на вработеноста и отворање нови работни места.

Во текот на долгата криза, предизвикана од пандемијата, Венеција беше празен град – велат, како никогаш досега – без туристи, поради карантинот и прекинатото патување. Затоа, мнозинството на жителите, сега се залагаат за тоа што е можно побрзо да се обноват туризмот и туристичкиот бизнис.

Не е мал бројот на локалните бизнисмени кои заговараат да се укине наплатувањето влезница (од десет евра) за влез во централното градско јадро, каде инаку се упатуваат сите туристи и гости на Венеција.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе