Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Исланд: 50 илјади земјотреси за три недели!

TTstudio/Depositphotos.com

Исланд: 50 илјади земјотреси за три недели!

Жителите на островот Исланд, во северниот Атлантик, веќе неколку недели не може мирно да спијат – од секојдневното, речиси постојано тресење на тлото. На југо – западот од островот, само по последните три недели, се регистрирани околу 50 илјади земјотреси!

Научниците сето тоа го објаснуваат со очекуваната ерупција на некои од вулканите и тоа во близината на главниот град – Рејкјавик.

Постојано треперење на тлото

Земјотресите и „треперењето на тлото“ е вообичаена појава пред помала, или поголема ерупција, но ваква бројна активност, не е забележана во последните 800 години

„Не е чудно да има многу земјотреси на Исланд, но е прв пат да ни се случуваат во непосредното соседство на главниот град. Прв пат е за многу од жителите, речиси постојано да чувствуваат како се тресе тлото под нивните нозе“ – изјавил претставник на локалниот Универзитет и на исландскиот географски институт.

Островот чека вулканска ерупција и се подготвува за неа. Ангажирана е целата тешка механизација за да копа канали и да прави земјени ѕидови, за да се запре вулканската лава, доколку ерупцијата предизвика потоци од лава да се спуштат кон градот.

Се чека силна ерупција

Слични мерки за заштита биле преземени во 1973 година, во битката на градот на малиот соседен остров Хејмај, со вжештената и огнена лава која се спуштала кон зградите кои на островот, најчесто, се направени од дрво.

Досега серијата од илјадници земјотреси немаат предизвикано поголеми оштетувања на зградите.

Исланд и неговите жители се навикнати на земјотреси и на вулкански ерупции, но луѓето од Рејкјавик сега признаваат дека ова, што се случува во изминатите недели е „навистина премногу“.

Прогнозите се дека се очекува силна вулканска ерупција, слична на онаа од пролета во 2010 година, кога „експлодира“ вулканот Ејафјалаокул. Со денови од неговиот кратер излегуваше густ пепел, а облаците што пепелта ги создаде, предизвикаа сериозна блокада на авионските летови во северна и западна Европа.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе