Поврзете се со нас

Skopje Global

Култура

Две жени-режисерки номинирани за Оскар

Searchlight Pictures

Две жени-режисерки номинирани за Оскар

За прв пат во историјата на доделувањето на престижната награда Оскар, Американската филмска академија номинираше две жени-режисерки, во категоријата за најдобра режија, во една иста година.

Тоа се Клои Џао, за филмот Nomadland и Британката Емералд Фенел за Promising Young Woman. Досега имало жени кои биле номинирани и имаат добиено Оскар за режија, но на годинешново 93-то по ред доделување на оваа награда, номинирани се две жени.

„Кво Вадис, Аида“

Покрај нив две, уште една режисерка – Јасмила Спаниќ од Босна и Херцеговина е номинирана во категоријата за најдобар странски филм, за нејзиното филмско остварување „Кво Вадис, Аида“.

Станува збор за филм што ја обработува темата врзана за масакрот во Сребреница (БиХ) што го извршија припадници на српските оружени сили, под командата на Ратко Младиќ, кога буквално „пред очите“ на силите на ОН ликвидираа осум илјади мажи и момчиња, сите муслимани од тој дел на Источна Босна.

Главниот лик е Аида, жена која работи како преведувач во штабот на ОН во Сребреница. Таа се бори на секој начин да ги спаси својот сопруг и нивните два сина, во целата конфузија настаната со немоќта на Светската организација пред злосторствата на српските сили.

„За нас ова е многу повеќе од филм. Ова е потсетување на еден геноцид, нешто што не може да се заборави“ – изјавила режисерката по повод номинацијата.

Најмногу номинации за Манк

Филмот „Кво Вадис, Аида“ е номиниран и за наградата Бафта, на британската филмска академија.

Доделувањето на наградите Оскар, поради епидемијата со коронавирусот, е поместено за 25 април.

Инаку, најмногу номинации оваа година има филмот Mank, една црно – бела драма за авторот на текстот за филмот Граѓаниот Кејн – Херман Манкиевч. Овој филм во кој главната улога ја има Гари Олдман има добиено десет номинации. По него следи филмот „The Father” со седум номинации во кој настапува Ентони Хопкинс. И тој и Олдман се номинирани за Оскар.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Култура

Горе