Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Принцезата од Дубаи заточеник на таткото

Принцезата од Дубаи заточеник на таткото

Принцезата Латифа (35) ќерка на емирот од Дубаи, која во 2018 година не успеа да побегне од богатиот со нафта и гас Емират, објави на интернет дека ја чуваат како заточеник и дека стравува за својот живот.

„Се наоѓам во една вила што е претворена во затвор” – тврди принцезата во видео порака снимена со мобилен телефон, од еден од тоалетите во куќата, за кое таа тврди дека единственото место во кое таа може да влезе и да се заклучи.

Латифа е „под клуч“

Според нејзиното тврдење, околу вилата имало петмина полицајци кои се таму дење – ноќе, како и две жени полицајци кои ја надгледуваат и чуваат внатре, во куќата. Латифа вели дека сите прозорци се заборавени и не може да се отворат.

 Се плашам дека овде ќе ме чуваат до крајот на животот. На знам дали одново ќе видам сонце – вели принцезата од Дубаи во снимка која била испратена до нејзини пријатели кои потоа ја предале на Би-Би-Си.

Властите на Емиратот, еден од седумте на Обединетите Арапски Емирати (ОАР) со кој апсолутистички управува емирот Мохамед бин Рашид ал-Мактума, засега одбива да реагира на емитуваната порака од неговата ќерка.

Грабнување на ќерките

Во 2018 година, преку порака испратена на Јутјуб, Латифа изјави дека сака да избега од Дубаи. При тоа, таа тогаш призна дека еднаш тоа го направила, во 2002 година, но била пронајдена и вратена дома, по што „три години таткото наредил да биде заточена и без можност да излезе од дома“.

Шеснаесет години подоцна, во 2018 година таа се обиде да избега со едрилица, но беше фатена и од тогаш е заточена во вилата за која сега зборува дека ја чуваат под силна стража.

Емирот нема среќа со своите ќерки, затоа што и сестрата на Латифа, принцезата Шамса, на 18 годишна возраст, во 2000 година се обиде да побегне од Дубаи, додека престојуваше во Британија. Но, ниту таа не успеа во својата намера.

Бегство на шестата сопруга

Еден британски суд, во 2020 година, пресуди дека таткото емир – наредил двете избегани ќерки да бидат киднапирани и вратени во Дубаи.

Рашид ал-Мактума кој и самиот инаку е често во Британија, на големите трки со коњи – учествувајќи како одгледувач на коњи за трки (заедно со британската кралица), нема голема среќа ниту со една од неговите сопруги.

Шестата по ред – Аја, инаку полусестра на јорданскиот крал Абдула – во 2019 година, успеа да побегне од него, во Британија, заедно со своите две деца, каде сега се крие за да не биде и таа грабната и вратена во Дубаи. Пред британски суд, Аја има покренато бракоразводна парница.

Понатаму
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе