Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Птичји грип во Бугарија

sventovi/BigStock.com

Птичји грип во Бугарија

Бугарската ветеринарна служба и агенцијата за храна потврдија дека во Бугарија е откриено жариште со птичји грип.

Поради избувнувањето на заразата, итно ќе мора да се изврши масовно уништување на 160 илјади патки, од две фарми на кои се одгледува оваа живина. Заразата се појавила на фармите кои му припаѓаат на еден ист сопственик, во местото Славјаново.

Во непосредна близина до овие фарми има и фарма со 99 илјади кокошки-несилки. Претставник на агенцијата за храна изјавил за домашните медиуми дека нема технолошка врска меѓу фармите за одгледување патки и онаа за кокошки, но се стравува дека можеби и несилките веќе се заразени.

На фармерите во регионот каде избувна епидемијата со птичји грип им се советува да ги чуваат јатата со живина – патки и кокошки – затворени и да не дозволат тие слободно да се движат низ дворовите, како прва мерка за изолирање на заразата и за спречување на нејзиното ширење.

Но, како и да е, ќе мора да се изврши масовен колеж и со тоа ќе мора да се опфатат и кокошките-несилки.

Локалните власти тврдат дека ваквите мерки се сосема разбирливи, но дека станува збор за голема материјална штета, која ќе се одрази врз локалната економија.

Серија од зарази со птичји грип изминатите месеци се регистрирани во повеќе европски земји, вклучувајќи ги Германија и Унгарија. И секаде мораше да се уништува живинскиот фонд, секаде каде ќе се избувнеше ваква зараза.

Експерти веруваат дека заразата со птичји грип ја имаат раширено јата разни диви птици.

Ветеринарите и епидемиолози уверуваат дека ризикот за луѓето, со пренесување на птичјиот грип врз населението е мошне мал, иако во минатото имаше вакви ситуации кои се решаваа со уништување на живината.

(С.Б)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе